МИ2026: Македонските одбојкари во четири сета поразени од Грција


Македонската женска сениорска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево загуби од Грција со 1-3 (25-22, 13-25,7-25, 17-25) во рамки на 3. коло во групата Б.

Македонските одбојкари одлично влегоа во натпреварот и со четири врзани поени во финишот на воведниот сет поведоа со 1-0.

Вториот сет беше резултатски израмнет до минимално водство на Грција од 7-6, кога уследи голем пад во играта на македонската репрезентација и противникот лесно дојде до израмнување на резултатот.

Во продолжението, македонските одбојкарки беа целосно деконцентрирани и инфериорни на паркетот во спортската сала „Паламцола“, освојувајќи само седум поени во третиот сет, а четвртиот беше израмнет до 6-6, кога грчките одбојкарки со серија од 12-6 дојдоа до недостижна предност.

Тамара Атанасова со 10 и Мери Бошковска со седум поени беа најефикасни во македонските редови

Во двата воведни натпревари на женскиот одбојкарски турнир во Таранто, македонската репрезентација загуби од Турција (0-3) и Косово (1-3), а во завршниот дуел од групната фаза, в четврток, ќе игра против Алжир.