Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва
Вашингтон– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.
Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека Ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Си-Би-Ес претходно објави дека првиот човек на ЦИА престојувал во тајна посета на руската престолнина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за ТАСС дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со Ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на ЦИА немал директна средба со Путин.