Ги натепал татко си и сестра си – скопјанец дивеел дома


Седумдесет и едногодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот син, кој ја нападнал и неговата ќерка, а притоа оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом во скопската населба Центар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на денеска по полноќ, во 01:40 часот, а нападот се случил претходниот […]

И Дебар се приклучува на системот „Безбеден град“


Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и на подрачјето на Дебар, со цел да ја подобри контролата на сообраќајот, да ги намали незгодите и да ја зголеми безбедноста на патиштата преку поставување на безбедносни камери и контрола на брзината. -Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат […]

„Како лудаци“: Холандскиот заменик-премиер ги нападна мароканските навивачи по немирите


Холандскиот заменик-премиерка Дилан Јешилгоз-Зегериус ги нападна мароканските фудбалски навивачи кои се судрија со полицијата низ Холандија по поразот на нивниот тим од Франција на Светското првенство. „Една по една, земјите се исфрлаат. Тоа е суштината на фудбалски турнир. Разочарани сме, но продолжуваме со нашите животи. Освен овие „навивачи“. Без разлика дали победуваат или губат, тие […]

Николоски убеден дека Касами ќе најде најдобро решение околу преименување на улиците во Тетово


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот. Истакнувањето политички ставови на оваа тема […]

Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска


Сребреница претставува траен и темен печат врз совеста на целото човештво – нагласи претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во законодавниот дом. Тој потсети дека 11 јули 1995 година е злогласен датум кога беа убиени речиси 8.000 бошњачки муслимани, чија единствена вина била нивната […]

Центар за услуги отворен и во Прилеп


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk им се доближуваат на граѓаните од Прилеп и околината. […]

Големиот Иван Поповски се враќа на „Охридско лето“ со „Татко“


Режисерот Иван Поповски, кој веќе 30 години живее и работи во Москва и стана еден од најомилените и најнаградувани театарски режисери во Русија, се враќа на „Охридско лето“ на 13 јули, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со премиерата на „Татко“ , од Флоријан Зелер, со избран актерски тим и импресивна сценографија, заедно со основачот  […]

Девојче почина по пад од лулашка во парк во Гостивар


Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Од СВР Тетово информираат дека на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Според пријавените информации, малолетничката претходно паднала од лулашка во парк […]

Се скрши прозорец на авион на „Рајанер“, промената на притисокот го вовлече патникот, а главата му штрчеше од авионот


  Паника избувна на летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, Германија, во петок наутро кога прозорец на авионот „Боинг 737“ се скрши. Патник беше вовлечен во прозорецот од промената на воздушниот притисок, а главата на 61-годишниот маж штрчеше од авионот. Сведоците велат дека неговата сопруга го зграпчила, што била причината зошто не бил извлечен […]

Новинарката Дафне Каруана врескала во паника пред експлозијата во која беше убиена


Неколку моменти пред експлозијата во која беше убиена Дафне Каруана Галиција, новинарката врескала во паника, изјави сведок на судењето на човекот обвинет за нарачување на нејзиното убиство. Каруана Галиција беше убиена во 2017 година од далечински детонирана бомба поставена под возачкото седиште на нејзиниот автомобил, откако напиша серија извештаи за политичката и финансиската корупција во […]

Пожар на Крит се гаси со хеликоптер


Пожар избувна во селото Ини, во близина на Ираклион на Крит денес околу 11 часот по локално време. Пожарот се развива далеку од куќите и инфраструктурата, а избувнал во трска и ниска вегетација и се проширил на земјоделско земјиште, објавува Катимерини. Како што е објавено, мобилизирани се копнени и воздушни сили. Во гасењето учествуваат 45 […]

Крадци испразниле банкомат во „Веро Џамбо“


Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“.  – На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР.  Според податоците од полицијата, лицата одзеле пари и го напуштиле местото на настанот. Се […]

Науката потврдува: Животот на Земјата дошол од вселената


Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите пет нуклеобази – основните молекули што ја сочинуваат ДНК-та и РНК-та, т.е. генетскиот материјал својствен за сите познати живи суштества на планетата […]

Експертска порака за Иловица: Предвидените технологии се безбедни


Дебатата околу проектот „Иловица“ треба да се води врз основа на стручни анализи и современи технички стандарди, а не врз претпоставки, смета професорот Благој Голомеов. Тој нагласува дека современото рударство денес користи технологии кои значително се разликуваат од оние што се применувале пред неколку децении. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според Голомеов, […]

Ѓоковиќ и Синер ќе играат „финале пред финалето“ на Вимблдон


Лондон – Полуфиналната пресметка на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер , денес, претставува кулминација на тековниот тренд на смена на генерациите во машкиот тенис. Синер, кој моментално е рангиран како прв светски рекет, влегува во овој дуел со статус на апсолутен фаворит според обложувалниците, со коефициенти кои се движат од 1,20 до 1,30. За разлика од него, Ѓоковиќ се […]

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина


  Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе ја продолжи војната против Украина сè додека не се постигнат целите поставени од Владимир Путин во јуни 2024 година. Во тоа време, Путин во суштина зборуваше за целосна капитулација на Киев. „Претседателот јасно потврди дека ќе продолжиме да ги постигнуваме целите поставени во […]

Гала концерт „Љубов“ : Со најубавите оперски арии и дуети ќе се отвори в недела 66. Охридско лето


На свеченото отворање на 66. Охридско летов недела, од 21 часот, со гала концертот насловен „Љубов“, оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на маестро Марко Боеми, ќе приреди вечер исполнета со безвременски ремек-дела од Понкиели, Чилеа, Џордано, Пучини, Сен-Санс, Гуно и Масне. Програмата ги обединува најубавите оперски арии, дуети и оркестарски страници, […]

Најмалку 11 лица загинаа во жестоки пожари во јужна Шпанија


  Најмалку 11 лица загинаа, а 23 се водат како исчезнати откако брзо се прошири пожар во југоисточна Шпанија, додека земјата го преживува својот втор топлотен бран ова лето. Регионалната влада на Андалузија соопшти дека жртвите, од кои се верува дека четворица се Британци, загинале додека се обидувале да избегаат од пламените јазици во близина […]

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи


Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до […]

Паулина Поришкова (61) се омажи со ТВ сценарист во Фиренца


Фиренца – Паулина Поришкова (61) и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Тие ја споделија среќната вест вчера во видео на Инстаграм снимено од балкон во Фиренца, објавува InStyle. Во видеото, тие објаснија дека венчавањето во Италија е прилично комплициран процес за странците и дека им биле потребни седум месеци за […]