Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода


Корисниците од делови на Гази Баба и од повеќе улици во индустриската зона на Скопје денеска ќе останат без вода поради зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата „Сречко Пужалка“ бр. 60А, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сречко Пужалка“ и […]

„Звуците на Големата Степа“ и „Сина сенка“ вечер пред скопската публика


Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување. Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од […]

Документарецот „Европа: Еден континент, пет света“ пред скопската публика во Кинотека


По повод Светскиот ден на змиите, Македонското еколошко друштво вечерва во дворот на Кинотеката на Македонија во Скопје организира бесплатна проекција на документарниот филм „Европа: Еден континент, пет света“, во кој значајно место има и Голем Град во Преспанското Езеро, познат како „Змиски остров“. Како што соопштуваат од МЕД, проекцијата ќе почне во 20:30 часот, […]

Убер сака да го купи Глово


Американскиот Убер понуди речиси 15 милијарди долари за да ја купи германската компанија за достава на храна „Деливери Херо“ (Delivery Hero), која е исто така сопственик на Глово, со што сигнализира проширување на својот бизнис во услови на сè пожестока конкуренција во нејзината матична земја САД и Европа. Убер понуди 41,50 евра (47,60 американски долари) […]

Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во […]

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД


Владата на САД одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во Соединетите Американски Држави, според владин документ објавен денес. Ова е нов чекор во исклучително рестриктивната имиграциска политика на сегашните власти. Според новите правила, кои треба да стапат во сила во рок од два месеци доколку поминат во Конгресот, на странските државјани […]

Дванаесет години затвор за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица


Судот во Џенова денеска го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“, Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мостот во северозападниот пристанишен град Џенова во 2018 година. Во времето на несреќата, Атлантија беше мнозински сопственик на компанијата „Autostrade per l’Italia“, која управува со италијанските автопати, објавува Анса. При уривањето на мостот загинаа 43 […]

Македонија почнува со изградба на Национален дата центар


Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар – најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме […]

Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран


Американската војска започна нов бран воздушни напади против Иран, шеста ноќ по ред, со цел намалување на воените капацитети на Иран, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Претходно, иранските медиуми објавија дека денес повторно се слушнале експлозии на островот Кешм, во Бандар Абас и Чабар. ЦЕНТКОМ е дел од американската војска задолжен за Блискиот […]

Речиси во цела држава дожд и грмежи


Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи […]

Светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ја чека реализацијата на Иловица


Додека САД вложуваат 12 милијарди долари за создавање стратешки резерви од критични минерали и ја зајакнуваат својата индустриска независност, Македонија сè уште не ги користи сопствените минерални ресурси. Геолошките истражувања потврдуваат дека земјата располага со бакар и антимон, а најголемото познато наоѓалиште на бакар е во Иловица. Таму беше најавена инвестиција од околу 350 милиони […]

ЕЦБ избра 36 даватели на платежни услуги за тестирање на дигиталното евро


Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека избра 36 даватели на услуги за плаќање (ППУ), вклучувајќи банки и платформи за финансиска технологија, кои ќе учествуваат во пилот-фазата на проектот за дигитално евро. Најголемиот дел од списокот на учесници го сочинуваат банки како што се Уникредит, Дојче банк, Рајфајзен банка, Нова Љубљанска банка (НЛБ) и Пиреа банка. […]

Цената на акциите на „Спејс икс“ падна под нивото од дебито на берзата


Цената на акциите на „Спејс икс“ (SpaceX) падна под нивото забележано кога излезе на берза пред нешто повеќе од еден месец, по остриот пад од врвот достигнат по првичната јавна понуда. Цената на една акција на компанијата за производство на ракети, сателити и развој на вештачка интелигенција, која е во сопственост на Илон Маск, падна […]

Во Битола се одржа меѓународна работилница за конзервација на културното наследство


НУ Завод и Музеј – Битола во рамки на ACT4PRESPA поддржан од Евбропската унија, одржа меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство на која учествуваа конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други експерти од Северна Македонија, Грција и Албанија. Во текот на дводневната програма, учесниците имаа можност да ги посетат Јени џамија и археолошкиот локалитет […]

Португалија стана првата членка на ЕУ во иницијативата HealthAI


Португалија стана првата членка на Европската Унија што се приклучи на глобалната мрежа HealthAI за следење на употребата на вештачка интелигенција во здравството. Договорот помеѓу португалскиот регулатор Infarmed и непрофитната организација HealthAI со седиште во Женева ѝ дава на Португалија пристап до каталог на здравствени алатки базирани на вештачка интелигенција кои поминале регулаторни проверки. Со […]

Минималната плата и цените не биле на дневен ред на Економско социјалниот совет


Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните – порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.  Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и […]

Кај над 700 производи зголемувањето на продажните цени било речиси двојно поголемо од порастот на набавните цени


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет одговарајќи на новинарски прашања во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, истакна дека ​контролите за над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се […]

„Мајкрософт“ попушти пред корисниците: Поддршката за „Виндоус 10“ продолжена до 2027 година


По години притисок врз корисниците да го заменат својот работен хардвер и да купат нови компјутери компатибилни со оперативниот систем „Виндоус 11“, „Мајкрософт“ е принуден да се повлече под притисокот на пазарот. Имено, првичниот план за прекин на поддршката за „Виндоус 10“ во октомври 2026 година е официјално откажан, а новиот рок е поместен на […]

Грција го блокира новиот пакет санкции за Русија да заштити бродски олигарх


  По тридневни преговори, земјите од ЕУ не успеаја да се договорат за условите на 21. пакет санкции против Русија и ја одложија одлуката за една недела, замрзнувајќи го ограничувањето на цената на руската нафта, кое чекаше ревизија. Преговорите запреа, делумно, затоа што Грција се спротивстави на забраната за испорака на руски течен природен гас […]

Мелони успеа да ја протурка контроверзната изборна реформа во Италија


  Долниот дом на италијанскиот парламент денеска го одобри контроверзниот план на владата за измена на изборното законодавство, потег што критичарите го отфрлија како обид да и се помогне на премиерката Џорџа Мелони да ја задржи власта на следните избори во 2027 година. Предлогот на владејачката десничарска коалиција, која ја сочинуваат партијата Браќа на Италија […]