Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела


Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност, соопшти УХМР. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринските температури ќе […]

Нов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена


На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град. Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат […]

„Рациновото признание“ за 2026 стана драма: Се јави и Катица Ќулавкова


Доделувањето на „Рациновото признание“ за 2026 од свечен чин во Велес се претвори во јавна драма, како во некои кои ги режирал на сцена и годинешниот добитник, театарскиот режисер и театролог Наум Пановски. Тој ја доби наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 […]

Заштитен македонскиот рубин како македонски уникатен полускапоцен камен


Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцени камен. Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. – Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита […]

Николоски од Солун: Овој самит е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа


Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска […]

Оскаровецот Бардем со свои отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес


Лос Анџелес – Шпанскиот актер Хавиер Бардем ги остави своите отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес нагласувајќи дека е „навистина посебно“ да се овековечи своето име на Холивуд булеварот. – Навистина е посебно да се добие ваква можност да се овековечи вашето име и лик. Кога ќе помислам на сите луѓе што стоеле […]

Како што стареат, мажите го губат Ипсилон-хромозомот


Лос Анџелес – Истражувачите долго време разговараат дека како што некои мажи стареат, одредени клетки во нивните тела почнуваат да го губат „машкиот“ Ипсилон-хромозом, објави „Сајенс алерт (Science Alert)“. Како што некои мажи стареат, се вели, тие го губат Ипсилон-хромозомот во крвта, мозокот или клетките на имунолошкиот систем, а тоа може да има сериозни здравствени […]

Принцот Хари ги носи децата во Велика Британија, прв пат ќе го запознаат дедо Чарлс


Лондон – Британскиот принц Хари, помладиот син на кралот Чарлс Трети, следниот месец со своите деца ќе ка посети Велика Британија. Тоа ќе биде една од неговите ретките посети на татковината. Принцот, кој во 2020 година се пресели во САД заедно со својата сопруга Меган Маркл, во последните неколку години не ги носеше своите деца, принцот […]

Нови пет одличја и нови правила за „Греми“ наградите


Лос Анџелес – Организаторите за доделување на „Греми“ наградите објавија пет нови признанија, како и промени во правилата што би можеле да влијаат на некои многу важни категории, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов изведувач на годината. Новите категории воведени од Американската дискографска академија, којашто ја организира престижната музичка свеченост, вклучуваат најдобра латинопесна, азиска […]

Владо Јовановски, Роза Трајческа, Димитар Јакимовски и Апостол Трпески добитници на наградите „Златна рамка“ за 2026 


Друштвото на филмски работници на Македонија вечерва по осми пат ќе ги додели почесните награди „Златна рамка“ кои годинава ги добиваат актерот Владо Јовановски, костимографката Роза Трајческа и филмскиот работник Димитар Јакимовски. Оваа година за првпат ќе биде доделена и специјалната награда „Златна рамка – за особен придонес кон ДФРМ и македонската кинематографија“, која му […]

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци


„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за […]

„Пепко“ влегува на македонскиот пазар – од денес ги отвора своите продавници во Рамстор мол и во Капитол мол


Pepco од денес (18 јуни) ги отвора првите продавници на македонскиот пазар во Рамстор мол и во Капитол мол во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува дебито на Pepco на македонскиот пазар и им нуди на потрошувачите нова дестинација за стилски секојдневни потреби со […]

Рита Ора испрати видео порака до македонската публика пред спектаклот во Охрид


Една од најголемите светски музички ѕвезди на денешницата, британска поп-пејачка по потекло од Косово, Рита Ора, испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на спектаклот што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Нејзината видео порака предизвика огромно внимание кај фановите. Во неа, светската поп ѕвезда ги кани […]

Вторпат во историјата жена ќе биде главна судијка на натпревар од Светско првенство


Атланта – Жена судијка ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главна судијка на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка. Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 […]

Руте потврди дека САД го намалуваат учеството во кризните сили на НАТО


Брисел – Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, […]

Награда за Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Пезаро


Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија годинава му оддава специјална почест на македонскиот и американски режисер Милчо Манчевски, кому му ја додели престижаната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“. На фестивалот, како што информираат, ќе бидат одбележани и 25 години од „Прашина“, ќе има италијанска премиера на „Бикини Мун“ и промоција на […]

Во Белград ќе биде отворена изложба на дела на 42 македонски ликовни уметници, членови на ДЛУМ


Изложбата „Експериментален цртеж“ работена на тема „Невидливи траги“, на Друштвото на ликовните уметници на Македонија што во април беше отворена во Музејот на Град Скопје, ќе има можност да ја види и белградската публика. Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечер ќе биде отворена изложба на дела на 42 уметници, членови на ДЛУМ. Гостувањето на […]

Драматични снимки од Москва, чад се шири над делови на градот по напади од украински дронови


Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци. Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија. A Ukrainian drone flies into what looks like a residential building in Moscow this morning. Fascist […]

„Како да го донеле Дејвид Гета“: СДСМ прашува колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица


Опозициската СДСМ со соопштение до медиумите реагира на вчерашната прослава на владејаќката ВМРО-ДПМНЕ по повод 36 годишнината од основањето, прашувајќи колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица? „300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги […]