Рита Ора испрати видео порака до македонската публика пред спектаклот во Охрид


Една од најголемите светски музички ѕвезди на денешницата, британска поп-пејачка по потекло од Косово, Рита Ора, испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на спектаклот што на 1 август ќе се одржи на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Нејзината видео порака предизвика огромно внимание кај фановите. Во неа, светската поп ѕвезда ги кани сите љубители на добрата музика да бидат дел од незаборавната вечер која на 1 август ќе го претвори Охрид во центар на музичките случувања на Балканот.

Погледнете го видеото и дознајте што Рита Ора им порача на своите фанови пред да пристигне во Охрид.

 

 

По настапите на најпрестижните светски сцени, милијардите стримови и соработките со најголемите имиња во музичката индустрија, Рита Ора ова лето доаѓа во Македонија, а овој настан веќе се наметнува како еден од најголемите во регионот.

Заедно со Рита Ора, на сцената ќе настапат и Сенида и 2Бона.

Билетите за концертот се веќе во продажба преку www.kupikarta.com, како и на продажните места низ Македонија.

Рита Сахатчиу Ора е родена во Приштина. Била бебе кога бегајќи од војната родителите се преселиле во Лондон каде што Рита ќе се прослави како пејачка, актерка, судија во натпревари за музички таленти, ТВ-водителка и манекенка. На музичката сцена дебитира во 2012 година со албумот „Ора“ и веднаш се искачи на врвот на музичките топ-листи кога музичката кариера почнува да ѝ ја води американскиот могул Џеј Зи. Пред да глуми во второто и третото продолжение на „Педесет нијанси сиво“, ја посетувала актерката школа на Силвија Јанг. Во соработката со „Адидас“ се обиде и како дизајнерка. Сестраната Рита, Косово во 2015 ја прогласи за почесен амбасадор. Во 2022 се омажи за режисерот Таика Ваитити.

Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката. Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во кое музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради која нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакли.

Концертот на 1 август во Охрид е во организација на „Прагма продукција“ и претставува значаен чекор во позиционирањето на Македонија на мапата на големите концертни турнеи, како и уште една потврда дека домашната сцена е подготвена за настани од највисок меѓународен ранг.