Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
Од денеска до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност, соопшти УХМР.
Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 до 19 степени, а масималните дневни ќе достигнат до 37 степени.