Руте потврди дека САД го намалуваат учеството во кризните сили на НАТО


Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, воочи денешниот […]

Опозициски прашања на денешната собраниска седница


На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Според информациите од собраниската прес-служба, осум пратеници треба да постават прашања до претставниците на Владата. Прашањата ќе бидат упатени до вицепремиерите и министри за европски прашања и за транспорт, како и до министрите за надворешни работи, внатрешни работи и образование.

Џијан Емин ќе диригира со Симфонискиот оркестар од Бамберг на концерт во Германија


Диригентот и композитор Џијан Емин ќе диригира со Симфонискиот оркестар од Бамберг, на концерт што ќе се одржи денеска (18 јуни) во овој германски град. По успешната соработка минатата година, Емин повторно ќе настапи со светски познатиот пијанист, композитор и продуцент Франческо Тристано од Луксембург. На концертната програма се дела од Јохан Себастијан Бах, Морис Равел и […]

СП 2026: Колумбија сигурна против Узбекистан, Гана минимално ја совлада Панама


Мексико Сити – Репрезентациите на Колумбија и на Гана забележаа победи на двата натпревара од Светското фудбалско првенство 2026 играни ноќта среда кон четврток по македонско време. Колумбиската репрезентација го победи Узбекистан со 3:1 Мексико Сити. Головите за Колумбија ги постигнаа Даниел Муњоз, Луис Дијаз и Хаминтон Кампас. Стрелец за Узбекистан беше Абосбек Фајзулаев. Колумбија […]

Откриена причината за солзите на Меси во историскиот натпревар на Светското првенство


Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа во првиот натпревар на Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше обележана со солзи по првиот гол. Иако Меси спомена „тешки денови“ неповрзани со спортот по натпреварот, точната причина за неговите солзи не беше позната досега. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на […]

„Тони“ го заслужи местото во „Галимар“: Румена Бужаровска трет пат објавена во реномираната издавачка куќа


Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“ – првиот роман на нашата Румена Бужаровска, кој на македонски јазик доживеа четири изданија! Претставувањето беше дел од промоцијата на романот, кој ќе се објави на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам […]

СП 2026: Кејн двоен стрелец во триумфот на Англија над Хрватска


Арлингтон – Англија ја победи Хрватска со 4:2 (полувреме 2:2) синоќа во својот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, САД. Хари Кејн постигна два гола за Англија. Тој реализираше пенал во вториот обид во 12. минута. Џуд Белингам и Маркус Рашфорд исто […]

Почесни Оскари за Глен Клоуз и Ридли Скот


Лос Анџелес – Актерката Глен Клоус, режисерот Ридли Скот и аниматорот Флојд Норман ќе добијат почесни Оскари, додека продуцентките Кристин Вашон и Памела Кофлер ќе ја добијат меморијалната награда „Ирвинг Г. Талберг“. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги врачи почестите на годишната церемонија на Гувернерските награди на 15 ноември во салата „Реј Долби“ […]

Наум Пановски го одби Рациновото признание за 2026?


Театарскиот режисер и театролог Наум Пановски, добитникот на Рациново признание за 2026, преку видеопорака вели дека одбил да ја прими наградата за неговата книга „Коста Солев – смртопис“, која требаше да му се врачи на Рациновите средби на 15 јуни. Пановски не беше присутен на врачувањето, а во соопштението што вчера го испрати до медиумите, а […]

„Сѐ што ти треба за совршено лето“: Тридневен летен базар во Скопје Сити мол


Во рамки на платформата Сити Базар, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи летен базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој, своите рачно изработени производи ќе ги претстават 26 современи ракотворци. На тридневниот базар ќе бидат претставени рачно изработени производи како органска козметика за заштита од сонце, рачно изработени летни шаторчиња, лепези, термоси и летни аксесоари […]

Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во културно – туристичка рута


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински вчера беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка […]

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола


 Збирката раскази „Ништо нормално“ од авторката Симона Јованоска ќе биде промовирана во книга-барот „Пионерски“ во Битола со почеток во 19 часот. Како што соопштуваат од „Или-или“, книгата ќе биде претставена низ разговор со авторката, кој ќе го води Сашо Огненовски. – Од своето објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува силен интерес кај читателската публика, […]

Без вода дел од улицата Димитрие Чуповски во Скопје


Поради интервенција за менување вентил, денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во централното градско подрачје, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат надлежните служби, без вода ќе останат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до Министерството за правда, во близина на бурекџилницата „Рекорд“. Прекинот ќе […]

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје ќе биде променливо […]

Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград


Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 18  јуни 2026 година, 169-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  196 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 8 […]

Македонија напредува, но кон што? Мицкоски исцрта црвени линии за ЕУ


Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер на македонската влада, Христијан Мицкоски вечерва во Струмица на одбележувањето на 36-тиот роденден на партијата порача дека Македонија забрзува и дека се движи напред, нагласувајќи дека местото на нашата земја е во Европската Унија, но не по цена на отстапки поврзани со националниот идентитет. Во опсежниот говор Мицкоски се […]

„На некои фотељата им стана помила од народот“: Мицкоски од утре почнува реконструкција на Владата


Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Струмица на одбележувањето на 36 години од постоењето на партијата се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и порача дека сите отстапувања прецизно ги нотира, ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта.  Нагласи дека од […]

Португалија – ДР Конго 1:1. Голем кикс на фаворитот, Роналдо невидлив против аутсајдерот


Во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство, Португалија и ДР Конго ремизираа 1:1 на стадионот во Хјустон. Ова е огромен успех за африканската репрезентација која освои бод против еден од фаворитите на целиот турнир. Португалија ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар и поведе преку Жоао Невес во шестата минута, […]

Музика, патриотизам, вештачка интелигенција… Гламурозна прослава на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струмица со гламурозна сценографија одбележува 36 години од основањето на партијата. На сцената провејуваат патриотски песни, а беа прикажани и сцени од историски личности анимирани со алатките на вештачка интелигенција, како и документарен филм за досегашниот развој на партијата од нејзините почетоци во независна Македонија. Мицкоски викендов ги повика сите членови, […]