Принцот Хари ги носи децата во Велика Британија, прв пат ќе го запознаат дедо Чарлс
Лондон – Британскиот принц Хари, помладиот син на кралот Чарлс Трети, следниот месец со своите деца ќе ка посети Велика Британија. Тоа ќе биде една од неговите ретките посети на татковината.
Принцот, кој во 2020 година се пресели во САД заедно со својата сопруга Меган Маркл, во последните неколку години не ги носеше своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Велика Британија.
Според информациите од британските весници, семејството треба да пристигне следниот месец за да присуствува на настан поврзан со промоција на „Инвиктус гејмс“, меѓународно спортско натпреварување што принцот Хари го основа за повредени и болни припадници на вооружените сили и воени ветерани.
Но, портпаролот на принцот засега не ја потврдил информацијата.
Минатата година принцот од Сасекс ја загуби судската битка против британската влада во врска со безбедносните аранжмани што му се обезбедуваат при престој во земјата. По пресудата, тој изјави дека не може безбедно да го доведе своето семејство во Велика Британија. Оваа одлука, во комбинација со јавниот и широко медиумски експониран конфликт што Хари го има со својот татко, кралот Чарлс Трети, и со својот постар брат, принцот Вилијам, придонесе монархот речиси воопшто да не ги види своите внуци откако се родени.
Според британските медиуми, евентуалната посета би можела да претставува редок момент на семејно зближување, иако односите меѓу членовите на кралското семејство и натаму остануваат нарушени.