СП 2026: Без победник на дуелот меѓу Белгија и Иран


Лос Анџелес – Во групата Г и третиот натпревар заврши без победник откако синоќа Белгија и Иран одиграа без голови 0:0. Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман во следната фаза, но во многу нешто ќе зависи од вториот дуел од групата меѓу Египет и Нов Зеланд. Репрезентацијата на Иран во 25.минута […]

СП 2026: Прва победа за Шпанија на Мундијалот


Атланта – Репрезентацијата на Шпанија во второто коло од групата Х  вчера ја постигна првата победа откако ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 4:0. Прашањето на победникот Шпанците го решија до средината на првиот дел кога имаа предност од три голови. Серијата голови ја почна Ламин Јамал во 10.минута, а потоа со двата гола […]

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи


Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 јуни 2026 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  192 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со САД во протест околу заканите на Трамп


  Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со висок ризик со САД во Швајцарија во знак на протест поради низата закани упатени од Трамп за бомбардирање на Иран, па дури и за киднапирање на иранскиот преговарачки тим доколку Ормускиот теснец не се отвори повторно. Не беше јасно дали одлуката на Иран беше траен или симболичен протест. […]

Складовите за нафта на Крим горат, запрена е продажбата на бензин


  Во анектираниот Крим, по украинските напади врз нафтено складиште и фериботски премин во Керч, продажбата на гориво на граѓаните и бизнисите е целосно суспендирана. Ограничувањата стапија на сила во 9 часот наутро на 21 јуни за физички и правни лица, според Сергеј Аксјонов, „гувернер“ на регионот назначен од Русија. Бензинот и дизел горивото се […]

Трамп повторно во гневен филм: „Ако го затворите нема ни да се вратите во својата е***а држава“


  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз во неделата упати остро предупредување до Иран во врска со Ормускиот теснец, заканувајќи се дека ќе ги „разнесе во воздух“ ако Техеран го затвори виталниот воден пат, објави Фокс њуз. Трамп разговараше со главниот странски дописник на Фокс њуз, Треј Јингст, велејќи дека упатил директно предупредување […]

Коалицијата на СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судската и обвинителската служба


  Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, по темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба. Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот за […]

Протестите во Албанија на точка без враќање. Ултиматум до Рама денеска да поднесе оставка (Галерија)


  Десетици илјади демонстранти маршираа во саботата низ главниот град на Албанија, Тирана, на еден од најголемите митинзи досега против проектот за луксузен одморалиште поврзан со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој стана громобран за гнев поради наводната корупција. Од крајот на мај, демонстрантите се собираат секоја вечер за да се спротивстават на […]

Гневот на сточарите не може да се запре – најавуваат протест за 30 јуни


  БИТОЛА – Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со […]

Почина новинарката Билјана Мартиноска


  Денеска на 76 години по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиноска. Мартиноска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Веста за смртта на Билјана Мартиноска ја објави нејзината ќерка, проф.д-р Ана Мартиноска. Во својата интимна и емотивна објава меѓу другото […]

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино


Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот […]

Филипче за нови избори: Гласање ќе има кога на владата ќе ѝ снема пари


  Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие […]

Осум години од Преспа: Бугарија работи за Грција


Во овие денови пред осум години, Грција и тогашната ПЈРМ живееја во атмосферата на потпишувањето (17 јуни 2018 година) – под погледот на меѓународниот фактор – во Преспа на контроверзниот истоимен договор, кој требаше да го реши нерешеното прашање за името и да го отвори патот за пристапување на соседната земја во НАТО и ЕУ. […]

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков


  Пред повеќе љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков. Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, […]

Човек од Македонија ја убил Гркинката на Крит


  Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на градот Ханија на грчкиот остров Крит. Сатврула Левендаки исчезна на 30 мај годинава, a нејзиното тело беше пронајдено утрово. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија на почетокот на месецов […]

Селекторот не беше проблем: Тунис пак изгуби, сега 4:0 од Јапонија


  Можеби селекторот не беше проблемот, на крајот на краиштата. Тунис го отпушти Сабри Ламуши по поразот од Шведска минатата недела со 5-1, назначувајќи го Ерве Ренард за седми менаџер откако започнаа квалификациите. Но, се покажа дека несигурниот тим на кој му недостасува одбранбена сила, без оглед кој и да треба да ги одржи прес-конференциите. […]

Кир Стармер ќе поднесе оставка в понеделник како британски премиер


  Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер, по огромниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му се направи место на Енди Бернам да стане лидер на Лабуристичката партија. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против лидерскиот предизвик од Бернам […]

Спектакл во Градскиот парк во Скопје со „Кармина бурана“ со три симфониски оркестри


  Кантатата „Кармина бурана“ на Карл Орф (компонирана пред 90 години) е едно од највпечатливите музички дела. Германскиот композитор им дал музика и душа на секуларни песни од средновековието. Таа спектакуларна душа синоќа беше распослана во Градскиот парк во Скопје на отворено со заеднички концерт на Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од […]

Летото почнува со температура до 37 степени


  Летото започнува денеска. Тоа ќе пристигне во северната хемисфера во 10,24 часот и денешниот ден ќе биде најдолго во годината 15 часа и 14 минути. Синоптичарите најавуваат многу топло време и температура до 37 степени. Можно е во попладневните часови, главно во северозападните делови од земјата, да има нестабилност проследена со слаб локален дожд, […]