СП 2026: Без победник на дуелот меѓу Белгија и Иран
Лос Анџелес – Во групата Г и третиот натпревар заврши без победник откако синоќа Белгија и Иран одиграа без голови 0:0. Со овој резултат двете репрезентации остануваат во игра за пласман во следната фаза, но во многу нешто ќе зависи од вториот дуел од групата меѓу Египет и Нов Зеланд.
Репрезентацијата на Иран во 25.минута постигна гол, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради офсајд позиција на стрелецот Мехди Тареми. Во период на доминација на белгиската репрезентација во 66.минута по една грешка Нејтан Нгој направи фаул и оправдано му беше покажан црвен картон.
Во продолжението Иран ја имаше иницијативата, но сепак јунак на дуелот беше голманот на Иран Алиреза Беиранванд, кој имаше седум одбрани.
На првиот дуел од денешната програма во групата Шпанија ја победи Саудиска Арабија со 4:0.