Летото почнува со температура до 37 степени
Летото започнува денеска. Тоа ќе пристигне во северната хемисфера во 10,24 часот и денешниот ден ќе биде најдолго во годината 15 часа и 14 минути.
Синоптичарите најавуваат многу топло време и температура до 37 степени. Можно е во попладневните часови, главно во северозападните делови од земјата, да има нестабилност проследена со слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град.
Утре времето би требало да се промени до одреден степен, да има дожд, грмежи и северен ветер. Но температурата пак ќе биде висока како и денеска.