СДСМ со нови критики за двете години на Владата: Ветувањата не се исполнети


  Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција изјави дека после две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две […]

Трамп го поддржа, десничарот де ла Есприела победи на изборите во Колумбија


  Десничарскиот кандидат Абелардо де ла Есприела тесно победи на претседателските избори во Колумбија, покажува првичното пребројување на гласовите, што означува драматична промена во начинот на кој владата ќе се справи со внатрешниот вооружен конфликт и насилство во земјата. Де ла Есприела, кој беше поддржан од Доналд Трамп, вети воена акција против нелегалните вооружени групи, […]

Данскиот кинематографер Дан Лаустсен лауреат на “Златна камера 300 “ на 47. ИФФК „Браќа Манаки“


Годинашното 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Битола од 19-25 септември, а лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен, соопшти денеска директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Од 19 до 25 септември, Битола ќе биде домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на […]

Свети Стефан по пет години се враќа со лежалки од 240 евра на ден


Град-хотел Свети Стефан, по пет години, се враќа на светската туристичка мапа на 1 јули, а според компанијата „Адриатик пропертис“, од сите хотели на Аман во светот, Аман Свети Стефан моментално е прв по бројот на резервации, пишува црногорскиот портал Вијести.       Компанијата потврди дека сè е подготвено за пристигнување на гостите и […]

22 јуни во историјата – Германија ја почна операцијата „Барбароса“, целосна инвазија на Советскиот Сојуз


  На 22 јуни 1941 година, над 3 милиони германски војници ја нападнаа Русија во три паралелни офанзиви, во она што е најмоќната инвазиска сила во историјата. Деветнаесет панцер дивизии панцир, 3.000 тенкови, 2.500 авиони и 7.000 артилериски орудија беа префрлени на фронтот долг 1.700 километри и Хитлер отиде во војна на вториот фронт. И […]

Агенцијата „Рејтинг“ станa партнер на лондонска „Латента“


  По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, агенцијата „Рејтинг“ станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија „Латента“, со што  станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија […]

Ребалансот на Буџетот скроен, ќе има поголем дефицит


Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. „Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го […]

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони


Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување. Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година. Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022. Во новата сезона на Лигата на […]

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при користење на системите и механизацијата во близнина на далекуводите од преносната мрежа


АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска […]

Книжевната трилогија на Валентин Нешоски промовирана во стариот турски затвор во Кратово


Во Кратово викендов се одржа културно настан во организација на „Кратовски книжевен центар“ кој на публиката ѝ понуди вечер исполнета со литература, музика и интелектуална дебата. Објектот на стариот турски затвор во Кратово, со својата автентичност, историска тежина и специфична енергија, создаде речиси магична атмосфера која совршено се вклопи со концептот на вечерта и тематските универзуми што ги отвора творештвото на Нешовски. Посебна […]

Стигнаа математиките на РKE: Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари


Дизелот од вечерва на полноќ ќе биде поевтин за седум деанри за литар, а бензините за 3,5 – 4 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7,00 денари за литар, како и мазутот М-1 НС чија цена се намалува за 3,932 денари за […]

Дуа Липа ја покажа венчаницата на „Шанел’ на интимни фотографии од свадбата


Палермо –Дуа Липа им дава на обожавателите подетално да ја видат нејзината италијанска свадбена прослава со актерот Калум Тарнер. 30-годишната пејачка, добитничка на Греми, сподели серија интимни фотографии од раскошната свадба на двојката на 6 јуни во Сицилија на Инстаграм . На сликите, Липа може да се види како носи венчаница по нарачка од висока […]

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за заштита од пожари


Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за поддршка на институциите задолжени за заштита и спасување и за подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција. Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат […]

Мицкоски не прифаќа изговори, очекува производите во маркетите да поевтинат


Во очи на денешниот состанок со трговците, дистрибутерите и со производителите, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува намалување на цените производите во маркетите, а доколку не дојде до тоа, Влада ќе примени други мерки, меѓу кои јавно објавување на оние кои нема да го сторат тоа. „Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа […]

Од утре топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер


 Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и […]

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот


Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, […]

Скопје домаќин на годишната конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа


 Независноста на судството, довербата на граѓаните и потребата од подобра комуникација меѓу судиите и јавноста се во фокусот на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, што се одржува денеска и утре во Скопје. На денешното отворање на конференцијата, учесниците нагласија дека без силна јавна поддршка, судската независност и […]

Род Стјуарт (81) колабираше на сцената, концертот го заврши на столица


Род Стјуарт беше принуден да го прекине концертот во Јута  во петокот откако се чувствуваше лошо и речиси се онесвести на сцената. 81-годишната музичка легенда прими кислород зад сцената, а потоа се врати кај публиката, завршувајќи го шоуто седејќи на столица Инцидентот е најновиот во низата здравствени проблеми што го принудија Стјуарт да откаже неколку […]

Математиките на Мицкоски велат дека бензините ќе поевтинат 2,5-3 денари за литар, дизелот дури седум денари. Каква е математиката на Регулаторна


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува поевтинување на нафтените деривати, во очи на објавувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. За бенизните тој очекува да поевтинат 2,5-3 денари за литар, а дизелот за околу седум денари. „Нашите математики се тие, треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија за енергетика“, рече […]

Гувернерот Славески на Конституенцата на ММФ и Светската банка: Ценовната стабилност и натаму приоритет во услови на светска неизвесност


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите, како што соопшти денеска прес-службата на Народната банка, се става акцент на одржувањето на […]