СДСМ со нови критики за двете години на Владата: Ветувањата не се исполнети
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција изјави дека после две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ народот живее потешко, поскапо и понеизвесно.
„Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните.
Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две години се цените, трошоците за живот, сиромаштијата.
ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%. Денес инфлацијата е 4,8% и е речиси двојно повисока од ветувањето.
Во платформата 1198 ветуваа зголемен животен стандард – се зголемија само трошоците за живот. Денес на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 70.000 денари месечно за да ги покрие основните трошоци“, рече Тренчевска.
Според неа, „единствено што добро му оди на ВМРО, се манипулациите. Ги изиграа и пензионерите. Со лажна кампања ги придобија, за потоа да им ги скратат и украдат парите. Ако се задржеше нашиот систем, најмалото зголeмување на пензиите ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари. Два пати во годината тоа ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите.
Социјално ранливите категории на граѓаните се заборавени од оваа Влада. Во овие две години ВМРО не исполни речиси ништо од клучните ветувања за помош на најранливите граѓани. Социјалната помош не се зголемува, сиромаштија“.