Математиките на Мицкоски велат дека бензините ќе поевтинат 2,5-3 денари за литар, дизелот дури седум денари. Каква е математиката на Регулаторна
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува поевтинување на нафтените деривати, во очи на објавувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
За бенизните тој очекува да поевтинат 2,5-3 денари за литар, а дизелот за околу седум денари.
„Нашите математики се тие, треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија за енергетика“, рече Мицкоски оговарајќи на прашања на новинарите на маргините на Конференцијата на ЦЕФ, што денес се одржува во Скопје.
Тој додаде дека очекува цената на суровата нафта на светскиот пазар да се движи околу сегашната цена од осумдесетина долари за барел.