Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“


Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на […]

Анима Мунди бара да се затвори скопската ЗОО и да се направи инспекција на сите живеалишта


Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку […]

Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар


Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација  „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени […]

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран


Ормутскиот теснец снимен од страна на НАСА, јавен домејн, Викимедија комонс Меѓународната поморска организација на ОН ја прекина својата операција за придружба на бродови низ Ормускиот теснец во четврток откако еден брод пријави напад, повторно разгорувајќи загриженост за тоа дали прелиминарниот договор за ставање крај на војната во Иран ќе се одржи. Товарниот брод соопшти […]

На 235 се искачи бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – 50.000 се исчезнати


Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради. Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од […]

Милијардер и супермодел им го отплатија медицинскиот долг на 200 илјади жители на Калифорнија


Извршниот директор на Snap, Еван Шпигел, и неговата сопруга, супермоделот Миранда Кер, помогнаа во отплатата на медицинскиот долг од 550 милиони долари на повеќе од 261.000 жители на Калифорнија. Двојката направи мултимилионска донација на Undue Medical Debt, непрофитна организација која обезбедува олеснување на долгот на луѓе во финансиска потреба. Организацијата набавува медицински долг на големо […]

Бред Пит (62) не планира да се ожени со Инес де Рамон (33)


Лос Анџелес – Бред Пит и Инес де Рамон се во силна врска, но немаат планови да се венчаат. Иако дизајнерот на накит станал исклучително близок со семејството на актерот, кое целосно ја прифатило, двојката нема планови да се венча, пишува Page Six. Тие ја сметаат за дел од семејството Според извор близок до семејството, […]

Почина актерката Ан Блајт, номинирана за Оскар за улогата на разгалена ќерка на Џоан Крафорд


Лос Анџелес – Ан Блајт, актерката која беше номинирана за Оскар во 1946 година за нејзината незаборавна улога како разгалената и себична ќерка на Џоан Крафорд во филмскиот класик „Милдред Пирс“, почина. Имаше 98 години. Веста за нејзината смрт ја објави Џорџ Пеначио од KABC, објави Variety. Темнокосата убавица беше позната и по нејзините улоги […]

Медицинска сестра препорачува (необични) трикови за да се разладите


Додека температурите растат и топлотен бран го зафаќа поголемиот дел од Европа, многумина се борат да се справат со ефектите од екстремната топлина. Иако високите температури се непријатни за повеќето луѓе, тие можат да претставуваат сериозен ризик за оние со постоечки здравствени проблеми. Дехидрацијата и топлотниот удар се меѓу најчестите опасности, а хронично болните пациенти […]

Ракометарите на „Вардар“ се враќаат во Лигата на шампионите


Виена – Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза. Според новиот формат […]

Во КИЦ Софија проекција на филмови и изложба „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки


 Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер со почеток од 18:30 часот, ќе бидат проектирани краткометражните филмови „Баба Деспина и Султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на Манаки. Во истиот термин ќе биде отворена и изложбата на фотографии  „La  Belle  Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода […]

Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција.  Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), „Во куќата“ од […]

Фотографска изложба, концерт на хорот „Фрида од Македонија“ и претстава на Турски театар на програмата на „Скопско лето“


На програмата на Скопско лето вечер во КИЦ ќе биде отворена фотографска изложба насловена „Мали нешта“ на Анне-Мет С. Сомер од Данска, авторка зад Kelter Photography, во Сули ан во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Песната е лек“ на Женскиот хор „Фрида од Македонија“, под диригентската палка на Сузана Турунџиева, а на сцената […]

СП 2026:  Турција ги победи САД, ама го заврши шампионатот


Лос Анџелес – Репрезентацијата на Турција постигна победа од 3:2 против домаќинот на Мундијалот САД во третото коло, но ова е пирова победа бидејќи го заврши шампионатот. На вториот дуел во Д групата, Парагвај и Австралија одиграа без голови 0:0. Американците поведоа во дуелот со Турција во 3.минута со голот на Остон Трусти, а во 10.минута […]

Без струја дел од корисниците на бул. „Борис Трајковски“ во Кисела Вода


 Корисниците од бул. „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода ќе немаат електрична енергија. Како што информира РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, струја ќе немаат од 9 до 12 часот.

Без вода дел од корисниците на општина Карпош


Без вода денеска ќе биде улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во Карпош, соопшти  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, кој ќе почне во 18 часот, е поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“ и ќе трае до завршување на санацијата. Нормализирање се очекува околу […]

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари


Подгорица – Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд […]

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата


Канзас Сити – Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1. Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот […]

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм


Атина – Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе […]

Сензација на СП 2026: Еквадор ја совлада Германија


Њујорк – Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0. На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа […]