На 235 се искачи бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – 50.000 се исчезнати

Повеќе од 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати по земјотресите што ја погодија Венецуела завчера


Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо.

Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради.

Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати.

Повеќе од 50.000 исчезнати
Повеќе од 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати по земјотресите што ја погодија Венецуела завчера, според веб-страница за исчезнати лица.

Веб-страницата им овозможува на луѓето да ги споделат деталите и локацијата на своите најблиски со надеж дека ќе помогнат во операциите за пребарување и спасување низ целата земја.

Еве ги најновите бројки:
Вкупен број на лица пријавени како исчезнати: 57.704

Број на лица сè уште исчезнати: 50.113

Број на пронајдени лица: 7.591

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез потврди дека спасувачите работат на пронаоѓање на преживеани и оти помош пристигнала од САД, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Мексико и Катар.

САД ветија 150 милиони долари помош, а американската армија испрати транспортни бродови и авиони за поддршка на тимовите за пребарување и спасување.

Родригез, објави фотографии од тимовите што пристигнаа од таа латиноамериканска земја во текот на ноќта.

https://x.com/delcyrodriguezv/status/2070350161025380678?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2070350161025380678%7Ctwgr%5Ea407a91d2cce1f2b2cb283ae0b59a25eff193db0%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fvijesti%2Fclanak%2Fskocio-broj-mrtvih-u-venezueli-ljudi-spavaju-na-ulicama-sad-salje-vojsku%2F2806741.aspx

Таа рече дека речиси 188 спасувачи од Ел Салвадор пристигнале со залихи за да се приклучат на операциите за пребарување и спасување и да им обезбедат помош на погодените семејства.

Во Венецуела беа регистрирани два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес беше западно од градот Морон, на карипскиот брег на длабочина од 13 километри. За кратко време уследи уште еден земјотрес со епицентар на 16 километри југозападно од Морон, кој е оддалечен од Каракас 168 километри.

Шокантни снимки од воздух. Повеќето, ако не и сите, високи згради се оштетени
Воздушните снимки направени од хеликоптер рано вчера наутро го покажуваат обемот на штетата во крајбрежните градови Маикетија и Ла Гваира во северна Венецуела, по два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала вчера, кои ја погодија областа западно од Каракас.

Повеќето, ако не и сите, високи згради се чини дека претрпеле сериозни структурни оштетувања, при што многу од нив се урнале.

Како резултат на тоа, десетици, ако не и стотици, илјадници луѓе низ северна Венецуела веројатно остануваат без засолниште, храна и вода.

Спасувачите бараат преживеани користејќи мобилни телефони наместо фенерчиња
На социјалните мрежи и во медиумите се појавија драматични снимки кои го разоткриваат целосниот колапс и немоќ на венецуелските служби за итни случаи по катастрофалните земјотреси. Снимките покажуваат како спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во темница користејќи мобилни телефони како фенерчиња.

Овие сцени ја разоткриваат морничавата реалност на теренот – по години тежок економски колапс, државните служби немаат ниту најосновна опрема за итен одговор, а камоли тешка механизација и напредни алатки за лоцирање на преживеани под тони бетон. Токму поради овој ужасен недостаток на опрема, пристигнувањето на најавената меѓународна помош и специјализирани странски тимови ќе биде клучно во трката со времето.