Без вода дел од корисниците на општина Карпош


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска ќе биде улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во Карпош, соопшти  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, кој ќе почне во 18 часот, е поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“ и ќе трае до завршување на санацијата. Нормализирање се очекува околу 12 часот утре.

– Во случај да не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за наредниот период, соопшти  ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје..