Во Крушево наврнаа 34 литри дожд на метар квадратен во изминатите 24 часа


Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3,  и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Изутринава во […]

„Сериозна и неодговорна ескалација“: Руски дрон удри во станбена зграда во Романија


  Дрон удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци рано утрово, при што полесно повреди две лица. Дронот ја погоди зградата околу 2 часот наутро, по што избувна пожар на нејзиниот десетти кат, објавија романските медиуми. Во исто време, Русија започна напад врз близок украински град, објави романското Министерство за одбрана. Една […]

Вчера на „Богородица“ се чекало со часови


Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција. Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница. Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис изјави дека примената на […]

Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата, вели шефот на СЗО


Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА. Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува […]

Италијанска вечер во Филхармонија: Врвниот Марко Пиеробон на труба, како солист со ИД Камерниот оркестар


Во Камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. -Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со […]

Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето


Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година.  Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од […]

Во Софија ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“


Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија денеска со почеток во 18:30 часот ќе биде отворена меѓународната фотоизложба „Последните селани“, во организација на уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“. На изложбата ќе бидат претставени дела од повеќе реномирани автори од различни земји, меѓу кои Ероу Рос (САД), Јана Хунтрова (Чешка), Алена Новакова (Чешка), […]

Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов


Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро. Од МРФ информираат дека оваа […]

Венс: Се уште е неизвесна согласноста на Трамп за договор со Иран


Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа навести дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп на можен договор со Иран е далеку од сигурно, во екот на медиумските извештаи дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамката за завршување на војната, пренесе ДПА. Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, […]

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида


Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше на лансирна рампа во Флорида за време на тест на моторот. Видеата од местото на настанот покажуваат огромна огнена топка како го зафаќа објектот во Кејп Канаверал, а компанијата во сопственост на Џеф Безос потврди дека има проблем, пренесе Би-би-си. Во објава на социјалните мрежи, „Блу Ориџин“ потврди дека доживеале […]

Жена и дете (14) повредени во ударот на дрон во Романија, се огласи НАТО


Жена(51) и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон се урна во станбена зграда во романскиот град Галаци. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објави Либертате. „Дронот го удрил покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го зафатила станот […]

Исламистот кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена доби 15 години затвор


Австриски суд осуди 21-годишен маж кој призна дека планирал неуспешен исламистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година на 15 години затвор, прогласувајќи го за виновен за разни кривични дела, претежно поврзани со тероризам. Беран А., чие презиме не е објавено во согласност со австриските правила за приватност, беше уапсен еден […]

Земјотресот со јачина од 3,8 степени во Босна и Херцеговина, почувствуван и во Хрватска


Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње. Според податоците на сеизмолошките служби, земјотресот се случил малку по полноќ по локално време. Епицентарот бил 11 километри северозападно од Требиње и околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри. […]

Дрон погоди десеткатна зграда во Романија


Дрон се урна во десеткатна зграда во центарот на романскиот град Галаци синоќа, предизвикувајќи експлозија и пожар во стан на горниот кат. Во инцидентот имаше повредени, но за среќа немаше жртви. Се верува дека дронот, кој влезе во романскиот воздушен простор, пристигнал за време на руски напад врз блиските украински цели. „За време на новиот […]

Сончево со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до […]

Трамп ги троши резервите на нафта побрзо од Бајден. Залихите се приближуваат до 40-годишните најниски нивоа


Како што расте фрустрацијата на гласачите поради високите цени на горивата, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги троши американските стратешки резерви на нафта (SPR) побрзо отколку што тоа го правеше администрацијата на Џо Бајден. Поради нафтената криза предизвикана од војната со Иран, резервите на нафта за итни случаи се приближуваат до најниските нивоа од почетокот […]

„Златната топка“ прв пат во историјата ќе се додели годинава во Лондон


Свечената церемонија на доделување на престижната фудбалска награда „Златна топка“ (Ballon d’Or“), која од 1956 година ја доделува „Франс фудбал“, прв пат во историјата оваа година ќе се одржи во Лондон. Британската престолнина ќе биде домаќин на церемонија на 26 октомври, по повод 70-годишнината од воведувањето на наградата чиј прв добитник беше англискиот репрезентативец Стенли […]

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина


Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност […]

Остра критика на Руте до Словенија: Го поткопувате НАТО


  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, остро ја критикуваше Словенија за начинот на кој ги презентира своите трошоци за одбрана. Во писмо испратено до техничкиот премиер Роберт Голоб на почетокот на мај, Руте предупреди дека ниските трошоци за одбрана на Словенија во време на криза „ја поткопуваат нашата колективна безбедност“. НАТО тврди дека Љубљана […]

Цел живот ги фрлате листовите од јаготките, а тие се вистинско богатство – еве што можете да направите со нив


Листовите од јаготките не се отпад, туку мирисен додаток на чај, оцет и смути. Пробајте пред повторно да ги фрлите. Листовите од јаготки завршуваат во кантата со години, а воопшто не им е местото таму. Тој мал зелен врв што рутински го кинете има мирис, мала адстрингентност и многу корисна вредност во кујната. Домаќинките на […]