ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите ширум светот мора внимателно да одговорат на растот на цените на енергијата и храната за да ги заштитат граѓаните и економијата, а притоа да не ги загрозат јавните финансии ниту дополнително да ја поттикнат инфлацијата. Економистите на ММФ Пјер-Оливие Гуринша, Борха Грасија, Делфин Пради и Родриго Валдес во […]

Макрон сака домаќинствата и компаниите повеќе да користат струја, а помалку нафта и гас


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Елисејската палата се сретна со претставници на дистрибутерите, снабдувачите со електрична енергија и индустриските компании за да го забрза процесот на електрификација на Франција. Според весникот „Фигаро“, целта на состанокот била поттикнување на домаќинствата и компаниите повеќе да користат електрична енергија, а помалку нафта и гас. Француските власти […]

Пратениците од владејачката коалиција дадоа виза за задолжувањето од 260 милиони евра, за опозицијата ова е почеток на финансиска агонија


Со 65 гласови „за“, 14 против и ниту еден воздржан Собранието денеска го донесе законот за задолжување за општи буџетски потреби во износ од 260 милиони евра. Како што рече заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, заемот ќе се користи за општи буџетски потреби, за финснсирање на капиталните инфраструктурни проекти и за враќање на старите долгови, […]

Гордан Калајџиев: Случајот „Мазут“ е образец за притисокот на власта врз обвинителите


  Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, вели дека ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со фактот што победи на избори има право да управува со сите сегменти на државата и општеството. Премиерот јавно објавува војна против судиите и обвинителите, кои според него се главни виновници за слабиот успех во борбата со криминалот и корупцијата, вели Калајџиев во […]

Македонија и Хрватска ќе соработуваат во енергетскиот сектор


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот, како што информираат од МЕРМС беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска […]

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на […]

Бугарски медиум: Режимот доаѓа тивко, во зелени чорапи


  Една од најчесто користените пропагандни техники е: всадување страв – покажување кон непријател, будење омраза – покажување кон спасител. Накратко, негување менталитет на опсада. Тоа подразбира постоење во постојана состојба на тревога, што пак оправдува вонредни мерки, ограничувања на правата и слободите, дисциплина, еднодушност и зајакнување на централната влада, недоверба кон различноста, осуда и […]

Јубилејниот 25. Оффест со богата програма – осум концерти и еден музички документарец


Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од 3 до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, денеска на прес-конференција најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка.  Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и […]

26 мај во историјата – „Аполо 10“ јуреше со 40.000 км/час, најголема брзина досега


  Во мај 1969 година, тројца американски астронаути станаа најбрзите луѓе во историјата. За време на нивното враќање на Земјата, екипажот на мисијата „Аполо 10“ достигна брзина од околу 39.897 километри на час, или околу 11 километри во секунда. Тој рекорд сè уште важи денес. Историскиот момент се случи на 26 мај 1969 година, само […]

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара


  Во разговорот во живо за медиумот „Телекс“ во понеделникот, унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека ќе се истражува богатството на политичарите и дека тоа ќе биде задача на Националната канцеларија за враќање на средствата, што ќе се спроведува со помош на Даночната и царинската управа. Според него, ќе се развие нов систем за пријавување […]

Орце да го подбере директорот на ЈСП: Муслиманите да возат на Задушница, христијаните на Бајрам


Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) го повика градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски да побара од менаџментот на ЈСП Скопје да седне и да разговара со синдикалните организации и да најдат решение за сите отворени прашања, за да не се случи вработените повторно да тужат. Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на КСОМ, на денешната […]

Враќање на заборавена болест: Првиот смртен случај во Австралија


Првиот смртен случај од дифтерија во последните десет години е регистриран во Австралија, а земјата истовремено се бори со најлошата епидемија на оваа заборавена болест во поновата историја, пишува BBC. Министерството за здравство прогласи епидемија уште во март, откако случаите се проширија во Западна Австралија, Јужна Австралија и Квинсленд. Бројот на пациенти почна да се […]

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери (ВИДЕО)


Премиерот Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска во Охрид потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји, со што, како што беше истакнато, се отвора нова етапа во билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска.Покрај договорот за стратешка соработка меѓу владите, беше потпишан и договор за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство […]

Се отвори спортскиот базен во Чаир


Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека […]

Бензините поскапи за половина денар, дизелот со иста цена


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 денари/литар, малопродажната […]

Орце Ѓорѓиевски во посткампања – теренот бил негова природна средина


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од денеска најавува голема теренска посета во сите скопски општини, а со гласот на граѓаните, ќе се обиде да го води градот. Средбите со граѓаните ги почнува по нешто повеќе од шест месеци по преземањето на функцијата, откако пред тоа се среќаваше со граѓаните за да ги слушне нивните желби, […]

Русија лансираше две ракети „Орешник“ кон Киев, од кои едната се расипа и падна во близина на окупираниот Донецк


  Руските сили лансираа две напредни балистички ракети „Орешник“ врз Киев за време на масовниот напад на 24 мај. Сепак, една од нив можеби не функционирала правилно и паднала врз руските позиции во окупираниот регион Донецк, според американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Веројатниот дефект на „Орешник“ е снимен од камера свртена кон север […]

Колосот на џезот, саксофонистот Сони Ролинс, почина на 95 години


  Сони Ролинс, еден од најголемите џез саксофонисти на сите времиња, почина на 95-годишна возраст. Неговата смрт беше објавена на неговата веб-страница во понеделникот, „со длабока тага и длабока љубов“. Неговата публицистка Тери Хинте, исто така, ја потврди веста. Не е наведена причина за смртта, но во соопштението се вели дека „Колосот на саксофонот“ починал […]

Волонтери од САД градат детско игралиште во дворот на ООУ „Гоце Делчев“


Училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром ќе добие ново детско игралиште, сподели денеска градоначалникот Дејан Митески. „Со особена радост сакам да споделам дека во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ се гради ново детско забавно игралиште – место каде што детската смеа, играта и безгрижното детство ќе добијат уште поубав дом. Она што […]

САД ќе ни помагаат тендерите да ги добиваат американски компании


  САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што  ја  објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на […]