Tехнолошкитe компании ги кријат еколошките трошоци за вештачката интелигенција


КОПЕНХАГЕН — Европската унија мора да обезбеди технолошките компании да го откријат еколошкиот отпечаток на нивните центри за податоци, вели шефот на агенцијата за животна средина на блокот. Додека Европа се трка да ги стигне Кина и САД во трката за вештачка интелигенција, Брисел се надева дека ќе ја воспостави потребната компјутерска моќ со тројно […]

Каде е министерката за финансии: СДСМ ја бара, ВМРО-ДПМНЕ ја правда. Тема Фискалната стратегија и задолжувањето


  Дебатата за Фискалната стратегија и за законот за задолжување за 260 милиони евра кои се на дневен ред на денешната 102. Седница на Собранието, ги стави во фокусот висината на јавниот долг, загрижувачкиот раст на каматниот товар за земените кредити, како и консолидацијата на јавните финансии, но и отсуството од расправата на министерката за […]

Јакимовски: Лукровски применува „шопинг терапија“ додека е „на боледување“


Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа. Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот […]

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети


  САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда […]

За 5 отсто намален бројот на превезени патници со автобус – 9.348.000


Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.  Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување […]

ЦУК и УХМР навремено ќе ги информираат граѓаните за непогоди


 Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка.  Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена […]

Драгољуб Миќуновиќ, филозоф и борец за демократска Србија, почина на 96 години


  Драгољуб Миќуновиќ, поранешен претседател на српската Демократска партија, почина на 96-годишна возраст. Демократската партија соопштува дека со длабока тага се збогува со еден од обновувачите на делото и основачите на модерната Демократска партија, нејзин прв претседател по обновата во 1990 година и човек кој со својот живот ја одбележа борбата за слобода, демократија и […]

Се поставуваат контејнери за органски отпад од курбанот


 Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го […]

Воз удри во школски автобус во Белгија – има загинати


Неколку лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел, каде што се судрија воз и школски автобус. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица и веќе започнал да сопира. Несреќата […]

До недела се собира кабаст отпад во Железара, Ќерамидница и Автокоманда


Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво […]

За 50 милиони евра ќе се гради агроцентар во Гази Баба кај обиколницата


Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро ќе започне реализацијата на проект вреден над 50 милиони евра. […]

Масовна тепачка во Прилеп: Приведени осум лица, напад и во Итна помош


СВР Битола информира дека синоќа во Прилеп биле приведени осум лица по физички напад врз татко и син, кој продолжил и во Итната медицинска помош. Според полицијата, на 25 мај околу 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден […]

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција


  Топлотниот бран во Европа веќе одзеде 7 животи во Франција, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, цитирана од светските новински агенции. Пет од смртните случаи се од давење, но сите се поврзани со топлотниот бран низ кој минува земјата. Во последните денови, Европа беше зафатена од необичен топлотен бран, поставувајќи рекорди на температурата […]

Притвор за четворица државјани на Турција по напад врз доставувач во Скопје


Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот […]

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека


Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со […]

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра


Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка.  Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW […]

„Кроација ерлајнс“ со помалку летови од Загреб до Скопје и до Сараево


„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“.   – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет […]

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат


Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски […]

Европа под топлотен бран: Температурите рушат рекорди, веќе има смртни случаи


Од Англија до Италија, делови од Европа се очекува да доживеат уште еден невообичаено топол ден за мај во вторник, нарушувајќи ја рутината на Стариот континент, кој се затоплува побрзо од кој било друг дел од светот Температурите растат веќе неколку дена, а во понеделник достигнаа рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика […]

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави Си-ен-ен, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот […]