Почина Сони Ролинс, џез легенда и „саксофонски колос“


Легендарниот американски џез музичар Сони Ролинс, еден од највлијателните саксофонисти во историјата на џезот, почина на 95-годишна возраст. Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, објави неговиот портпарол. Тој го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Причината за смртта не е објавена. Кариера што трае повеќе од шест децении Ролинс […]

Порталот 24Ракомет ги избра најдобрите за сезоната 2025/26


Спортскиот портал „24Ракомет“ ги избра најдобрите во македонската машка и женска лига.  Во идеалниот состав на машката лига се најдоа:  лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) среден бек: Јака Малус (Вардар) десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) пивот: Милан Лазаревски (Вардар) голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) […]

Помош од вселената: Научниците развиваат „интернет за животни“


Со децении, научниците ги следат и набљудуваат животните во дивината на различни начини. Некои едноставно ги проучуваат од безбедно растојание, други ги следат користејќи уреди прикачени на нивните тела, други користат хеликоптери и дронови, а трети користат сателити Благодарение на новиот сателитски систем, наречен Икарус, научниците сега можат да го следат однесувањето на животните во […]

Њујорк Никс ги победија Кливленд Кавалирс и се пласираа во финалето на НБА по 27 години


Њујорк Никсите се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година. Тие ја завршија својата кампања преку плејофот на Источната конференција доминирајќи над Кливленд Кавалирс, кои ги победија убедливо со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето и со тоа ја завршија серијата со чисти 4-0. Секој играч кој влезе во играта придонесе […]

Американската војска повторно го нападна Иран


Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од […]

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа беше примен во болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет. Се вели дека премиерот бил подложен на стоматолошка интервенција, чии детали не беа откриени. Соопштението дојде откако израелските медиуми објавија за неговата хоспитализација, според „Тајмс оф Израел“. Здравствената состојба на 76-годишниот премиер стана предмет на зголемен јавен […]

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед


Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да помине рутински лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон, објави Белата куќа. Тоа ќе биде негов трет таков преглед во последните 13 месеци. Белата куќа претходно овој месец објави дека Трамп ќе помине „рутински годишни стоматолошки и медицински прегледи како дел од неговата […]

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт


Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со […]

Презентација на програмата на годинашниот 25. ОФФест


Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, […]

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето


Двајца пливачи загинаа, а повеќе од 30 се спасени од петокот на југозападниот брег на Франција поради екстремно силни плимни струи. Невообичаено топлото време за ова време од годината привлече многу луѓе на плажите во департманот Жиронд, и покрај опасните услови на морето, објавува Euronews. 56-годишна Германка се удави во неделата во близина на Леж-Кап-Ферет […]

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле


Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за […]

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд


Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до […]

Навивачите на ПСЖ нема да можат да ја прослават евентуалната титула во ЛШ, париските власти забранија можна парада


Француските власти ќе им забранат на навивачите на ПСЖ да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз. Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се избегнат потенцијални немири во француската престолнина. -Полициската управа презеде мерки за да ја осигури безбедноста на […]

Аргентинецот Фабијани нов тренер на Вардар


Македонскиот фудбалски шампион Вардар и официјално го назначи Кристијан Фабијани за нив тренер.  – Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција […]

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаат бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, […]

„Кртот“ во кабинетот на Сиљановска работел и за Иванов и Пендаровски


Компјутерскиот техничар кој е осомничен за аферата во претседателскиот кабинет која како можен шпионски случај го истражува Обвинителството всушност бил пензионер кога било пријавено дека копира фајлови од компјутер во кабинетот. За Телма ова го потврдиле два извори запознаени со проблематиката. Осомничениот бил припадник на елитната армиска специјална единица „Волци“ каде бил подофицер надлежен за […]

„Знам докази кои вие не ги знаете“: Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната […]

Инспекторите во Општина Центар на терен: Копале дупка за зграда, урнале дел од тротоар, оштетиле улица, паднала бандера…


Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општина Центар денеска соопшти дека по извршениот увид, констатирани се оштетувања на […]

Делови од Бутел и Центар утре ќе останат без струја од 8.30 часот


Делови од Скопје утре, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информира ЕВН. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Исклучувањето ќе трае од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е најавен и […]

Цените на нафтата паднаа за околу шест отсто поради надежта за постигнување договор меѓу САД и Иран


Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел. До падот дојде откако се зголеми оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можеле да постигнат договор […]