Презентација на програмата на годинашниот 25. ОФФест


Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент.

Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот.

Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последната во Младинскиот Културен Центар.

-Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате подолу и на веб-страната www.offest.com.mk Билетите се во продажба и достапни онлајн на: http://www.offest.com.mk/mk/bileti/, се додава во соопштението.