Земјотрес од 6,9 степени во Чиле


Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета.

„Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за спречување и управување со катастрофи во видео објавено на X.

Според локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван во регионите Арика, Тарапака, Антофагаста и Атакама.

Чиле, јужноамериканска земја каде што се среќаваат три тектонски плочи, е една од најсеизмички активните земји во светот, па затоа нејзиното население често не обрнува многу внимание на потресите под 7 степени.

Во 1960 година, беше погодена од земјотрес, кој се смета за најсилен регистриран во историјата, со јачина од 9,5 степени. Градот Валдивија беше уништен, а 9.500 луѓе загинаа.

Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 520 луѓе.