Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина


  Иран ја искажа својата подготвеност да го отстрани својот високо збогатен ураниум на барање на САД, под услов да биде наменет и складиран во Кина, изјавија извори за Ал Арабија. Тие додадоа дека Техеран сака гаранции од Пекинг пред да постигне договор со Вашингтон. Високи извори ја потврдија согласноста на Иран да го предаде […]

Николас Кејџ откри зошто Кристофер Нолан не сака да работи со него: Повеќето се навредуваат и повеќе не се јавуваат


Николас Кејџ откри дека нема да работи со режисерот Кристофер Нолан во блиска иднина, тврдејќи дека повеќе не го контактира откако еднаш одбил улога во филмот „Несоница“. Актерот Николас Кејџ зборуваше за своето искуство во Холивуд и за односот со познати режисери, истакнувајќи дека некои од нив престанале да го контактираат откако ги одбил нивните […]

Голема акција во Италија: Кинеска банда пушти во оптек лажни монети од 2 евра, експертите шокирани од квалитетот


Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од две евра. Експертите ги опишаа овие фалсификати како исклучително успешни и многу опасни за економијата, бидејќи е речиси невозможно да се разликуваат од вистински пари. Група измамници во италијанскиот регион Тоскана фалсификувале и пуштиле во оптек десетици илјади монети од […]

Кинеските инвестиции во Србија „тежат“ речиси 8 милијарди евра преку 37 компании


Кинеските компании инвестирале околу 7,8 милијарди евра во Србија преку 37 компании кои заедно вработуваат повеќе од 38.275 работници, покажува преглед на кинеските инвестиции во домашната економија. Во текот на последните три години, бројот на вработени во кинеските компании во Србија се зголемил за 45 проценти. Кинескиот капитал е присутен во речиси сите клучни индустриски […]

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда


Здравствена тревога е издадена во северниот италијански регион Ломбардија откако во покраината Комо беа откриени два сомнителни случаи на ебола. Случаите се однесуваат на жена од Лурате Качивио и маж од Булгарограсо кои се вратиле од Уганда во последните 24 часа со други членови на нивните семејства откако поминале околу три месеци таму како хуманитарни […]

Брзото ширење на еболата во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор, вели првиот човек на СЗО


– Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека […]

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.  Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила […]

Туризмот годинава почна добро за Грција: За три месеци 38 отсто повеќе повеќе гости и 64 отсто приходи


Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти […]

Дигиталното евро предизвика раскол: Финансиските фирми се креваат против ЕЦБ


Постпандемискиот бум во безготовинските плаќања ја зголеми зависноста на еврозоната од американските фирми кои обработуваат речиси две третини од плаќањата со картички во заедничката валута. Компании како PayPal и Apple, исто така, ги проширија своите операции. Европските претставници го прогласија суверенитетот во плаќањата за стратешки приоритет, бидејќи фрагментираниот глобален поредок ризикува инструментализација на пристапот до […]

МВР со детали за пожарот во Радовиш: Почнал во една од халите, нема повредени


Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил […]

Ревизори од Северна Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства


Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво. Генералниот ревизор и претседател на […]

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода. Во тетовско село, вчера во 12:40 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка […]

Малолетничка донесена со породилни болки – уапсена мајка ѝ


Апсење вчера попладне на скопската Клиника за гинекологија. Малолетничка донесена со породилни болки, полицијата ја уапси нејзината мајка.  – Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата […]

Црна Гора попушта: „Нашиот пат кон ЕУ води преку Загреб“


  Во моментот кога Европската унија почна да го пишува договорот за приспапување на Црна Гора владата во Подгорица реши драматично да го спушти тонот во односите кон Хрватска и да разговара за барањата на Загреб кои стојат како пречка за членството на земјата во Унијата. Црна Гора е целосно свесна дека нејзиниот пат кон […]

Левица го омекнува ставот кон ЕУ, бара од владата да изготви стратегија, а не изолационизам


  Чекор по чекор Левица изгледа го менува својот тврдокорен став кон ЕУ и бара од владата да каже што мисли да прави со интеграцијата во Унијата и особено за предлогот на германскиот канцелар Фридих Мерц за придружно членство на Украина, а за Западен Балкан иновативни решенија. Додека другите земји на овој или оној начин […]

Со возило удриле во доставувач на мотор и го натепале


На 25.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24.05.2026 околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, […]

Си излегол од куќен притвор и си се возел со странско непријавено возило


На 24.05.2026 од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино. Полицијата констатирала дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, […]

ЕУ ќе забрани увоз на месо од Бразил од септември


Европската унија одлучи да го блокира увозот на некои животински производи од Бразил, вклучувајќи говедско месо, живина, јајца и живи животни, од 3 септември, поради непочитување на правилата на ЕУ за употреба на одредени антимикробни средства кај животните што произведуваат храна. Бразил, најголемиот извозник на говедско месо во светот и клучен извозник на животински протеини, […]

Шпанскиот селектор објасни зошто не повикал ниту еден играч на Реал за Мундијалот: Тоа не ме интересира


Шпанскиот тренер Луис де ла Фуенте го објави конечниот список од 26 играчи за Светското првенство. Де ла Фуенте го намали почетниот состав од 55 играчи на конечните 26, а меѓу најголемите вести се Жоан Гарсија, Пубил, Ерик Гарсија и Виктор Муњоз. Фактот дека Хуијсен не е на списокот е особено впечатлив, па Реал останува […]

Евакуирани се 50.000 луѓе – резервоар со токсична материја може да експлодира


Десетици илјади жители на Јужна Калифорнија сè уште се надвор од своите домови откако се случи сериозен инцидент со огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија во индустриски објект во округот Оринџ. Службите за итни случаи во Јужна Калифорнија продолжија да се тркаат со времето во текот на ноќта за да спречат евентуално истекување и катастрофална […]