Си излегол од куќен притвор и си се возел со странско непријавено возило
На 24.05.2026 од страна на полициски службеници од мобилен тим од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на подрачје на СВР Тетово, поточно на магистрален пат кон село Сиричино, запрено е патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од М.З.(46) од с.Желино.
Полицијата констатирала дека тој постапил спротивно на мерка куќен притвор, односно бил затекнат надвор од својот дом и адреса на која ја издржува мерката куќен притвор, а констатирано е и дека не поседува европски документи за управување на странско возило и возилото се наоѓа на територијата на нашата држава подолго од шест месеци.
Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено под сомнение за сторен царински прекршок.