Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија


Од посетата на Пленковиќ во Скопје во 2023 година (Фото: Б. Грданоски)

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. 

Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.

Како што соопшти Владата, потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис средба насопственици на компании од двете држави.