До недела се собира кабаст отпад во Железара, Ќерамидница и Автокоманда


Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината.

Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела).

Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери.