ЦУК и УХМР навремено ќе ги информираат граѓаните за непогоди
Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка.
Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко дејствување во услови на кризни состојби, природни непогоди и други ризици.
Двете институции ќе продолжат со заеднички активности и унапредување на меѓуинституционалната координација, со цел навремено информирање на граѓаните и поефикасно справување со сите предизвици.