И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин


„Големиот ризик е идниот бугарски премиер Румен Радев да замени една судска номенклатура со друга за да го освои судството, како што го освоија оние пред него“, предупреди за Медиапул софиски обвинител, денес по оставката на државниот обвинител Борислав Сарафов. Тој потсетува дека во текот на изминатите две децении, голем број влади се сменија ветувајќи […]

Нова можност за младите: Пивара Скопје ја лансира „Youth Empowered“ Академијата за млади


Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, […]

Рејтингот на Трамп паѓа ли паѓа


  Трио политички анкети покажуваат дека јавното одобрување за управувањето на Доналд Трамп со американската економија, имиграцијата и конфликтот со Иран опаѓа, што трепка предупредувачки светла за републиканските кандидати кои се наклонети кон Трамп, шест месеци до среднорочните избори во САД. Анкетите на Ројтерс-Ипсос, Сила во броеви-Верасајт и АП-НОРЦ покажаа дека рејтингот на претседателот се […]

Виена смисли стратегија за борба против сообраќајниот метеж


Виенската компанија за јавен превоз, Wiener Linien, ќе инвестира два милионa евра годишно до 2030 година во мерки за забрзување на јавниот превоз. Без разлика дали поради неправилно паркирани автомобили, возила што вртат десно пред трамваите или автобуси што не можат да ги напуштат своите станици и мора да се спојат зад колоната автомобили, и […]

Најзначајната насловница на „Вог“ досега


Новата насловна страница на Vogue со Мерил Стрип и Ана Винтур брзо стана една од најзборуваните слики на познати личности на Интернет. Фотографиите ги спојуваат две жени чии имиња се тесно поврзани со модата, моќта и „Ѓаволот носи Прада“. Додека обожавателите ги споделуваа фотографиите на социјалните медиуми, многумина се согласија дека парот веднаш се чувствуваше […]

ТРИ на Саемот на книгата под слоганот „Светот се менува, книгите остануваат“


Од 23 до 29 април, во Спортската сала „Борис Трајковски“, за време на овогодишното издание на Саемот на книгата, Издавачки центар ТРИ ќе се претстави со над 16 новитети, средби со над 20 домашни автори и со авторот Хајс Вилбринк од Холандија, и секако, со бројни понуди и попусти за читателите. Целото саемско искуство на […]

Сара Пеканен во Скопје: Со нетрпение ја очекувам средбата со читателите на Саем на книгата 2026


Популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, најнаградуваната македонска писателка Оливера Ќорвезироска, регионалната ѕвезда Неле Карајлиќ и бестселер-авторот Зоран Спасов Ѕоф се само дел од значајните авторски имиња кои ќе бидат дел од програмата на „Арс Ламина“ на годинашниот Саем на книгата, што ќе се одржи од 23 до 29 април, во арената „Борис […]

Платените казни од „Безбеден град“ не треба да се носат во полициска станица


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. „Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата […]

Мицкоски порача од Виена дека Македонија брза напред, не може да ја чека ЕУ


  Од позиција на премиер на „трета земја во Европа по успешно спроведени мерки за енергетската криза“, премиерот Христијан Мицкоски од една од најбогатите земји во Европа, од Австрија, ѝ порача на Европската унија дека е подготвен да испорачува резултати и да дејствува, но му треба соодветен партнер – т.е. Европа која не чека, туку […]

Вардар поднесе иницијатива „Јужна“ на Градски да се именува по Васил Рингов


Како што пишува најстариот македонски активен спортски портал 24фудбал, иницијативата е поднесена до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, Македонскиот олимписки комитет и АДСДП. Од Вардар посочуваат дека ваквиот потег претставува достојно признание за придонесот на Рингов, но и чекор кон зачувување на спортската традиција и колективната меморија. Според клубот, именувањето на трибината […]

Италија отвори истрага за „Букинг“


Италијанскиот регулатор објави дека започнал истрага за да утврди дали дигиталната платформа „Букинг“ (Booking.com) ги заведувала потрошувачите со рангирање и промовирање на домаќини со цел да обезбеди повисоки провизии. Истрагата се фокусира на „Програмата за претпочитани партнери“ и „Програмата за претпочитани партнери плус“, кои им се нудат на домаќините во рамките на платформата на „Букинг“. […]

За укинување на техничката влада потребен е консензус, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека предлог-измените на Законот за Влада ако се укине укине техничката влада без консензус тоа ќе претставува сериозен удар врз единствениот механизам за фер избори, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со 67 гласа „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан Собранието […]

Во Германија 25 проценти од вработените повремено или постојано работат од дома


 Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома. Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома. Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се […]

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3  проценти, […]

Притвор за скопјанецот фатен со кокаин во Ѓорче


Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин.  – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и […]

Хорор во Италија, мајка заедно со три деца скокнала од тераса од трет кат


Трагедија се случила синоќа во италијанскиот град Катанцаро, каде што 46-годишна жена се фрлила од третиот кат на зграда заедно со своите три деца, информираат италијанските медииуми. Мајката починала на самото место, како и нејзините две деца, едното на возраст од четири години, а другото четири месеци. Третото дете, девојче на пет и пол години, […]

HalkEco Skopje Run 10K ги спојува спортот и хуманоста: донации преку eCrowd


Традиционалната трка HalkEco Skopje Run 10K, која оваа година ќе се одржи на 10 мај, добива нова, подлабока димензија, ставајќи ја хуманоста во самиот центар на настанот. Преку соработката со eCrowd, трката се трансформира во платформа што ги поврзува спортот и солидарноста, овозможувајќи им на учесниците да придонесат за оние на кои помошта им е […]

ЈСП воведува дополнителни линии за Саемот на книгата


ЈСП Скопје и годинава обезбедува дополнителен јавен превоз за посетителите на 38. „Меѓународен саем на книгата“, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, се наведува во соопштение од претпријатието. Од 23 до 29 април 2026 година во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, со цел полесен пристап до саемот. Линијата […]

Иран нападна три брода во Ормускиот теснец. Од преговорите ни трага


  Иран отвори оган врз три брода во Ормускиот теснец во средата, интензивирајќи го својот напад врз бродовите во водниот пат, кој е клучен за глобалните енергетски резерви и комплицирајќи ги веќе несигурните напори за зближување на САД и Иран на разговори за завршување на војната. Нападите беа извршени од паравоената Револуционерна гарда, според иранските […]

Вториот филм на Дина Дума со светска премиера на фестивалот „Трајбека“ во Њујорк – голем успех за Македонија


Македонскиот долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја има својата светска премиера на престижниот Tribeca Festival во New York City, како дел од International Narrative Competition, една од главните и најреномирани натпреварувачки селекции на фестивалот.Трajбека е основан во 2002 од Роберт де Ниро, […]