Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО


Италија и Германија денеска застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран. – Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила –  изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на […]

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот


Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за […]

Бенјамин Нетанјаху бил опериран од рак на простата во рана фаза


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е „во одлична физичка состојба“ откако објавувањето на неговиот годишен медицински извештај откри дека му е отстранет малиген тумор, објави Би-Би-Си. Во објава во Икс во петокот, Нетанјаху објави дека за време на рутинско медицинско следење по успешна операција за зголемена бенигна простата, лекарите откриле малиген тумор во […]

Двајца Срби осудени на доживотен затвор за Бањска, за третиот 30 години затвор


  Благое Спасојевиќ, Владимир Толиќ и Душан Максимовиќ, тројца од 42 обвинети за нападот во Бањска, беа прогласени за виновни пред Основниот суд во Приштина. Спасојевиќ и Толиќ беа осудени на доживотен затвор, а Максимовиќ на 30 години затвор. Оваа пресуда може да се обжали во рок од 30 дена. Според локалните медиуми, на изрекувањето […]

Приведени 14 лица од „ботокс мафијата“ во Скопје, Струмица и Битола


 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК спроведе полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.   Во рамките на акцијата, врз […]

Одговор на НАТО до Трамп: Нема механизам за исклучување на земја членка


  НАТО во петокот соопшти дека не постои механизам за суспендирање или исклучување на земјите-членки, по извештаите дека САД разгледувале казнени мерки против Шпанија поради нејзиниот став во врска со војната во Иран. Функционер на НАТО изјави за Би-Би-Си дека основачкиот договор на алијансата „не предвидува никаква одредба“ за суспендирање или отстранување на членови. Соопштението […]

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори


 Македонија е силно посветена на изградбата на стратешки инфраструктурни проекти и на реализација на капитални инвестиции кои значат квалитетни транспортни конекции со целиот регион. Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори преку кои ќе придонесеме за економски напредок во државата и севкупно на регионот, што е и основна цел на Стратегијата за Јадранско […]

Марта Кос ги наброја Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија како земји кои одат напред. Македонија никаде ја нема


  Веќе втор пат оваа недела еврокомесарката за проширување, Марта Кос, воопшто не ја спомена Македонија како држава која е на патот кон ЕУ и сето внимание го насочи кон Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Македонија, така е оставена во групата со Србија (која има големо назадување) и Босна и Херцеговина, која треба самата […]

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“


Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката, пишува во денешното соопштение […]

Формула 1 од 2027 се враќа на Истанбул парк


Турската патека „Истанбул Парк Сиркуит“ ќе се врати во календарот на Формула 1 од 2027 година најмалку до 2032, соопшти денеска турското претседателство. Патеката на азиската страна од најнаселениот град во Турција е популарна кај возачите и навивачите, но последен пат беше домаќин на трка во 2021 година како замена за време на пандемијата на […]

Бабиш: Ако земјите од Западен Балкан треба да ги исполнат условите за членство во ЕУ тогаш мора и Украина


  Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, на денешниот неформален Самит на Европска Унија, што се одржува на Кипар, изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство, како што се бара од земјите од Западен Балкан. – Треба да се има исти аршини за сите. Ако земјите од Западен Балкан мораат да ги […]

Оживува Самуиловата тврдина – ќе има амфитеатар и летна сцена за манифестации


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство. Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата […]

Подготовките за државната матура се при крај – Јаневска апелира на помалку препишување


Во тек се подготовките за реализацијата на државната матура во општините во земјата и активностите се во завршна фаза. Останува да се средат набљудувачите и тестаторите и да пристапат како лани на одржување на државната матура – истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која одговараше на новинарски прашања во Штип по означувањето […]

Филипче: Ќе ги искористиме сите демократски механизми, техничката влада мора да остане


Претседателот на СДСМ,  Венко Филипче порача дека техничката влада мора да остане и СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да не се укине. Филипче на денешната прес-конференција, наведе низа аргуметни, зошто мора да остане  техничката влада. „Ако целокупниот механизам, начин на владеење е само една имитација на механизмот со кој што владееше Никола Груевски до […]

КХВ – единствен регулатор од земја надвор од ЕУ во Меморандум за соработка на пазарите на капитал


Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази денеска во Блед заедно со регулаторите на пазарите на капитал од Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Словенија и од Бугарија, потпиша Меморандум за соработка на пазарите на капитал. – Комисијата за хартии на Република Северна Македонија е единствен регулатор на земја која не е членка на […]

Сиљановска: Не се укинува двојното државјанство, ова е нов услов за вршење функција


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави денес дека  не станува збор за укинување на правото на двојно државјанство, туку за воспоставување нов услов за вршење одредена јавна функција. Претседателката оцени дека постои правна можност со закон да се воведе ограничување на двојното државјанство, кое би важело и за претседателот и за министрите. Таа потсети дека Уставот гарантира македонско […]

Градоначалничката на Кисела Вода по трагедијата: Безбедноста на граѓаните и работниците не смее да биде предмет на политика


Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. – Во врска со трагичниот настан што се […]

Европска недела на имунизација – заштитуваме генерации, вакцините делуваат


Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ ја одбележува Европската недела на имунизација и по тој повод во сите здравствени домови и вакциналните пунктови низ државата се реализираат активности за потенцирање на важноста на имунизацијата.   Во текот на неделава, во здравствените домови се одржуваат предавања за  важноста на имунизацијата и […]

Украински војници оставени без храна на првата линија на фронтот


  Министерството за одбрана на Украина отпушти еден висок командант откако се појавија фотографии од група ослабени војници кои со месеци се оставени на фронтот без соодветна храна и вода. Скандалот избувна откако сопругата на еден од војниците, Анастасија Силчук, ги објави сликите на социјалните мрежи. Четворицата мажи изгледаа бледо и видливо неухранети, со истакнати […]

Почина легендарниот Марк Мобиус – „Индијана Џонс на инвестирањето“


Не е познато кој прв го нарече Марк Мобиус, легендарниот американски берзански експерт, кој почина на 89 години, „Индијана Џонс на инвестициите на пазарите во развој“. Но, тој сигурно уживаше во прекарот. „Местата каде што сакам да бидам се местата каде што никој друг не сака да биде“ беше типична изјава, пишува Телеграф. „Сакам да […]