Бабиш: Ако земјите од Западен Балкан треба да ги исполнат условите за членство во ЕУ тогаш мора и Украина


 

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, на денешниот неформален Самит на Европска Унија, што се одржува на Кипар, изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство, како што се бара од земјите од Западен Балкан.

– Треба да се има исти аршини за сите. Ако земјите од Западен Балкан мораат да ги исполнат поединечните услови за влез тогаш мора да ги исполни и Украина. Тоа е став на поголемиот број лидери, бараме исти услови за сите нови земји членки – истакна Бабиш.

Тој наведе дека очекува тешки преговори за идниот буџет на ЕУ во периодот 2028 – 2035 година.

Европската комисија номинално предлага приближно 20 проценти помалку средства за нас. Наводно затоа што Чешка станува побогата. Не знам како заклучиле дека сме станале толку богати. Тие сакаат да ни земат околу девет милијарди евра. Тоа е неприфатливо, наведе Бабиш, додавајќи оти главната задача на неговата влада е да ги задржи барем истите средства за Чешка во следниот седумгодишен буџет на ЕУ.