(Во живо) Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани


Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа.  Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министер за надворешни работи и надворешна трговија, […]

Литургија и парастос на годишнината од кочанската трагедија


По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Со верските обреди […]

Иран повторно го ракетираше Израел


 Иран синоќа повторно истрела ракети врз Израел, објави Иранската државна телевизија. Во исто време, израелската армија соопшти дека идентификувала ракети лансирани од Иран. Нашите одбранбени системи се подготвени да ја пресретнат заканата, соопшти ИДФ.

Катар евакуира делови од Доха


Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети. Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии. Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар. […]

Откажан е ултрамаратонот на 63 километри во чест на загинатите во Кочани


„Ултрамаратонската трка „63км – вечна почит“, која требаше да се одржи на рутата Свети Николе – Штип – Облешево – Кочани во чест на 63-цата млади луѓе кои загинаа лани на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неделава била откажана, соопштија организаторите на социјалните мрежи. Спортскиот настан требаше да биде дел од програмата за […]

Облачно со услови за повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде умерено […]

Американскиот суд ја запре истрагата на Министерството за правда за Џером Пауел, задавајќи им удар на обвинителите


Американскиот федерален судија ги блокираше судските покани издадени против претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, од страна на Министерството за правда, кое започна истрага против него во врска со реновирање на владина зграда, според еден поднесок. „Голем број докази сугерираат дека Владата ги доставила овие судски покани до Одборот за да изврши притисок […]

Како функционираат стратешките резерви на нафта и зошто САД ги користат сега


Со беснеењето на војната на Блискиот Исток, цените на нафтата растат. За да ги ублажи трошоците, владата на Соединетите Американски Држави се свртува кон нафта складирана во огромни пештери со сол. Министерството за енергетика на САД (DOE) вчера објави дека САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од Стратешките резерви на нафта (SPR). Што точно […]

Хуманоиден робот „уапсен“ во Кина откако исплашил постара жена


  Полицијата во Кина неодамна „протера“ хуманоиден робот откако исплашил 70-годишна жена. Старицата е хоспитализирана по искуството. Инцидентот се случил во Патане во станбен комплекс кога старицата одела по улицата околу 21 часот, потврди полицијата. Додека гледала во својот телефон за време на прошетка, наишла на роботот, модел на Unitree G1, како ја следи. Кога […]

Цените на нафтата скокнаа за уште два отсто поради продолжување на блокадата на Ормускиот Теснец


Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе од два отсто бидејќи затворањето на Ормускиот Теснец и интензивираната геополитичка реторика ги попречија обидите на Вашингтон да го стабилизира глобалното снабдување со енергенси. Така, нафтата „Брент“ беше на ниво од околу 102 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) се движеше околу 97 […]

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за Моџтаба Хамнеи и други високи ирански функционери


 Програмата „Награди за правда“ (Rewards for Justice) на Стејт департментот на САД повика на информации за „иранските терористички лидери“, вклучувајќи го и Моџтаба Хамнеи. Стејт департментот одреди награда до 10 милиони долари и соопшти дека информациите би можеле да им овозможат на луѓето да бидат подобни за „преселба“. „Овие поединци командуваат и управуваат со различни […]

ОН бара 308 милиони долари помош за Либан


Обединетите нации денес апелираа за 308 милиони долари помош за Либан за справување со хуманитарните последици од војната во која повеќе од 800.000 луѓе ги напуштија своите домови. „Солидарноста на зборови мора да биде совпаѓа со солидарноста во дела“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој ја најави кампањата од Бејрут. Обединетите нации во […]

МЗТ Скопје Аеродром со кош во последните секунди го совлада ТФТ


Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада вечерва во Гевгелија лидерот ТФТ со 70-69 во дерби натпреварот од 18. коло од МТел Супер кошаркарската лига. Дербито на двете водечки екипи донесе неизвесен натпревар во кој МЗТ Скопје дојде до победата во завршните секунди. МЗТ Скопје го отвори натпреварот со предност од 17-12 по првата четвртина, […]

Велковски на ФБ: Во подготовка итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство


Заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска присуствувавме на првиот состанок на Работната група за подготовка на итни законски измени насочени кон подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, напиша заменик замник-министерот за  социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на својот фејсбук профил. -Работната група […]

Во Боливија уапсен уругвајскиот наркобос Марсет


Наркобосот од Уругвај, Себастијан Марсет е уапсен во Боливија. Тој е обвинет во Парагвај и Боливија за организиран криминал, а во САД за перење пари. Марсет во татковината е обвинет за раководење со првиот уругвајски картел. По Марсет беше распишана и потерница од Интерпол. Братот на Марсет, Диего Николас Марсет беше уапсен во Бразил во […]

Американската економија забави на крајот од 2025 година.


Американската економија забави поостро во четвртиот квартал од 2025 година отколку што покажаа првите проценки, што одразува забавување на личната потрошувачка и извозот, покажаа новите податоци од Министерството за трговија во петокот. Во трите месеци што завршија во декември, американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 0,2 проценти на квартална основа, што е половина од […]

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран


 Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги повика САД и Израел да обезбедат „убедлив“ патоказ за тоа како планираат да ја завршат војната со Иран, пренесе ДПА. – Со секој изминат ден се појавуваат повеќе прашања отколку што се даваат одговори – рече Мерц на маргините на вежбата на НАТО во Норвешка, која ја набљудуваше заедно […]

Пад на индустриското производство во еврозоната


Индустриското производство во еврозоната, се намали во јануари, што одразува забележителен пад во секторот на нетрајни потрошувачки добра, покажаа денес прелиминарните податоци од Европскиот завод за статистика. Во јануари, индустриското производство во еврозоната се намали за 1,5 проценти во споредба со декември кога, според ревидираните податоци, беше намалено за 0,6 проценти, пресметаа статистичарите врз основа […]

Џ.Д. Венс бил против нападот на Иран


  Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс беше скептичен во врска со американскиот напад врз Иран пред одлуката на претседателот Доналд Трамп да влезе во војна, изјавија двајца високи функционери на Трамп за американското издание на „Политико“. Иако Венс, кој долго време ги доведува во прашање американските интервенции во странство, јавно ја бранеше операцијата на Трамп […]

Мисија што го отвора патот за враќање на Месечината: НАСА објави нов датум на лансирање


  Американската вселенска агенција НАСА објави дека е на добар пат да ја лансира долгоочекуваната мисија Артемис II, првиот лет со екипаж околу Месечината по повеќе од половина век, а лансирањето би можело да се случи веќе на 1 април „На добар пат сме да ја лансираме веќе на 1 април и работиме на тоа […]