Пациент се обидел да прегази со возило вработена на Трансфузија


Вработена на Институтот за трансфузиона медицина пријавила во полиција дека пациент се обидел два пати да ја прегази со возило во дворот на Клиничкиот центар.  – На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се […]

Божиновска – Ју: Продолжува соработката со Светска банка во енергетиката


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија. Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои […]

Филипче ги претстави новите политики: Крај на „предаторскиот капитализам“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја престави денес на брифинг новата програма на СДСМ што ќе биде ставена на јавна дебата, со намера до јуни да биде усвоена и официјализирана. Ако може да се извади една поента од неа, таа би била враќање на малку социјализам во, како што го нарече, „предаторскиот капитализам“ што […]

БРТ нема да поминува по средишното зеленило, туку по крајните ленти


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот […]

Ако продолжи растот на цената на нафтата, ќе се намалат акцизите и маржата, вели Мицкоски


Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на […]

Алиу најави нов закон за лекови – побрзо одобрување нови


Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција најави дека следната недела на ЕНЕР ќе биде објавен нов закон за лекови усогласен со европските стандарди. Потенцира дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потреба да се усогласи со европските регулативи. Информира дека на новото законско решение се работело три години. – […]

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски потпишаа договор за соработка


Во годината кога Драмски театар одбележува 80 години од постоењето и по повод Светскиот ден на театарот, Diners Club објави партнерство кое оди подалеку од класичната бизнис поддршка,  соработка втемелена во почитта кон културното наследство и посветеноста кон луѓето кои го создаваат и го уживаат. За Diners Club, оваа одлука е природен чекор во нивната […]

По две децении се враќа средното полициско училиште


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната научно-стручна конференција порача дека „системот го носат луѓето“, а не само опремата. Тој најави дека клучниот столб за градење квалитетен кадар ќе биде повторното воспоставување на средното полициско училиште, проект кој се враќа по пауза од повеќе од 20 години. Според Тошковски, психофизичката подготвеност е основата на […]

Технолошкиот сектор се соочува со растечки недостиг од хелиум


Намалувањето на снабдувањето со хелиум поради конфликтот на Блискиот Исток почна да влијае на компаниите во глобалните синџири на снабдување со технологија, при што секторот се бори да најде алтернативни добавувачи, изјавија раководителите на индустријата за Ројтерс. Кризата на Блискиот Исток доведе до зголемување на цените на хелиумот, гас што се користи во неколку клучни […]

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје – гарантира стабилно снабдување


 По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство […]

Хрватската влада дозволи американски носач на авиони да се укотви во хрватско пристаниште


Загреб – Владата на Република Хрватска, на вчерашната затворена седница, одлучи да даде одобрение за влез на американски нуклеарен воен брод во внатрешните води на Република Хрватска и неговиот престој во хрватско пристаниште. Детали за тоа за кој брод станува збор, како и датумот на пристигнување и времетраењето на престојот, сè уште не се објавени. […]

Војната во Иран зема сè поголем данок од американската војска


  Војната на САД во Иран зема сè поголем данок врз американската војска, со зголемен број жртви, намалени залихи на муниција, еден носач на авиони што е тргнат настрана и бројни соборени авиони само три недели по почетокот на конфликтот. Најмалку 13 американски војници се убиени, додека уште 232 се повредени откако започна американско-израелската војна […]

Филипче ја нарече „мизерна“ изјавата на Мицкоски за докторите


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја оцени како мизерна изјавата на премиерот Христијан Мицкоски вчера во Собранието дека некои доктори  како да се на еликсир и си наплатувале дежурства 24/7, и тоа 31 ден и месеци со 30 дена, заработувајќи над 10.000 евра месечно. Според Филипче, за разлика од него што не работи ништо, некои […]

Официјално е: Ботови и вештачка интелигенција ја презедоа мрежата


Извештајот за состојбата на сообраќајот со вештачка интелигенција од фирмата за сајбер безбедност Human Security откри дека вештачката интелигенција и ботовите официјално ги засенија човечките корисници. Автоматизираниот сообраќај, кој Human Security го дефинира како „интернет сообраќај генериран од софтверски системи (вклучувајќи вештачка интелигенција), а не од човечки корисници“, се зголеми нагло бидејќи луѓето продолжуваат да […]

Познати обвинителите кои ќе гонат организиран криминал


Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство […]

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда


 Викендов и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. -Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието […]

Савески поддржа обвинителка за шеф на Вишото обвинителство која беше во „бомбите“. Изборот пропадна


  Пропадна изборот за шеф на Вишото јавно обвинтелство – Скопје откако ниту еден од четворицата кандидати пријавени на конкурсот не го доби потребниот број на гласови од Советот на јавни обвинители. Кандидати беа Фатиме Фетаи, Владимир Милошески, Артан Ајро и Јасмина Костеска-Здравеска (двајца од нив дел од поранешното СЈО). На огласот, всушност, се пријавија […]

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила


Приведен е возач во Скопје кој управувал возило со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила. – На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со […]

Отворање на изложбата „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“ во рамки на Модниот викенд Скопје


Утре, во периодот од 17:30 до 19:30 часот, во просторот Ареа во Дајмонд Мол, ќе биде отворена изложбата на дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заедно работеа во рамки на резиденцијалната програма на проектот „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“. На отворањето ќе присуствуваат и самите дизајнери, а програмата ќе биде збогатена со Отворени разговори под наслов #MadeWithSweden, посветени на тоа како шведските брендови […]

„Надеж – Светлина низ темнината“ од Ана Митевска пред кочанските љубители на ликовната уметност


 Во салонот „Фоаје 2“  во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзиниот магистерски труд. Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична, но и […]