Синот ја натепал мајката (70) во Аеродром


Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.

Почнуваат митинзите – се затвораат улиците! Градовите блокирани


Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул.„Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул.„Климент […]

Атанаско Тунески е на изборната листа на ЗНАМ


  Прво во ВМРО-ДПМНЕ, па во СДСМ, па пак во ВМРО-ДПМНЕ (според она што самиот го кажуваше) професорот и енергетичар Атанаско Тунески сега заврши на изборната листа на партијата на Максим Димитриевски, ЗНАМ. Тој е на петтото место на листата за Изборната единица 1. Атанаско Тунески беше еден од најголемите противници за иградбата на четирите […]

3 април во историјата – Убиен е Џеси Џејмс


  Еден од најпознатите американски криминалци, Џеси Џејмс, е убиен од Боб Форд, колега член на бандата, кој го предал Џејмс за парична награда. Шеснаесет години Џеси и неговиот брат Френк вршеа грабежи и убиства низ Средниот Запад. Детективските списанија и евтините романите ја гламурозираа бандата Џејмс, претворајќи ги во митски Робин Худови кои беа […]

Еве ги изборните листи на СДСМ – многу нови имиња


  До вчерашното поднесување малку се знаеше за кандидатски листи на СДСМ и коалицијата. Претходно беа соопштени само двајцата носители на секоја изборна единица, додека имињата на тие подолу и редните места имаше само нецелосни информации. Еве ги изборните листи на СДСМ и коалицијата онака како што ги објави на својата веб-страница Државната изборна комисија. […]

Мотивот за нападот во училиштето во Финска бил злоставување на осомничениот ученик


 Мотивот за пукањето во училиште во предградие на Хелсинки, во кое беше убиено 12-годишно момче, бил злоставување, објави денеска финската полиција. „При распитот осомничениот рече дека бил цел на злоставување, а оваа информација е потврдена и во полициската истрага“, соопштија од полицијата. Знамињата беа спуштени на половина копје ширум Финска поради смртта на 12-годишно момче […]

Австрија бара помош од граѓаните: Објавени снимки од девојчето за кое се сомневаат дека е Данка од Србија


Виенската полиција денеска, по налог на јавниот обвинител на Австрија, побара објавување нови фотографии на кои се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ, како и две жени, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во полициското соопштение, потерницата е распишана бидејќи постои сомнеж за киднапирање на детето, а воедно се […]

Како „Макстил“ ја применува циркуларната економија: Со троската може да се асфалтираат патишта


  Црната и белата троска која како отпаден материјал се добива од топењето на железото во скопски „Макстил“, наместо отпаден производ, сега добива третман на секундарна суровина или копродукт што има широка примена во градежништвото, особено во градењето патишта за тампонирање или како материјал за асфалтирање со извонредна цврстина. Ова е само еден пример кој […]

ССМ и СГИП реагираат на одлуката на Уставен за Договорот со „Бехтел и Енка“


Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија реагираат на одлуката на Уставен суд да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи поврзани со работните часови, а во врска со Договорот со „Бехтел и […]

Хансен става крај на кариерата по Игрите во Париз


 Данската ракометна ѕвезда и трикратен светски шампион Микел Хансен објави денеска дека ќе се пензионира „ова лето“ по Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август. „Ова лето е вистинско време да ги закачам моите патики на ѕид, сè додека сум целосно ангажиран во тоа што го работам“, изјави 36-годишната ракометна легенда на прес-конференција […]

Врховниот суд на Албанија ја потврди одлуката за конфискација на имот на ќерката и зетот на Бериша


Врховниот суд на Албанија ја потврди заплената на имотот сопственост на Аргита и Џамарбер Малтези, ќерка и зет на поранешниот албански премиер Сали Бериша, со што останува во сила одлуката на Специјалниот апелациски суд. Станува збор за 25 имоти што беа запленети на барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, во рамки […]

Пуштена во употреба новата бензинска станица на „Макпетрол“ на автопатот кон Грција


Од денеска започна со работа новата бензинската станица на „Макпетрол“, што се наоѓа на автопатот „Пријателство“, на правецот Демир Капија – Гевгелија, односно кај населеното место Мрзенци. Новиот објект, изграден според највисоките технички и безбедносни стандарди, ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со проширување и со подобрување, како […]

Поднесени 17 листи на пратеници за парламентарните избори до ДИК


  До Државната изборна комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати 17 листи на кандидати за пратеници.Како што соопштија од ДИК, листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај доставиле: СДСМ („Kоалиција за европска иднина“) – за ИЕ1, ИЕ2, ИЕ3, ИЕ4, ИЕ5, ИЕ6 ВМРО-ДПМНЕ (Коалиција „Твоја Македонија“) – за […]

Двајца планинари загинаа на Триглав


Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж […]

Институциите задолжени за изборите гневни на партиите


Институциите што се задолжени да ја следат регуларноста на изборите се гневни на политичките партии заради  игнорирањето на нивните барања околу платеното политичко рекламирање. Првите луѓе на АВМУ, ДКСК , Државниот завод за ревизија, ДИК  и на ЗНМ  укажаа денес дека вака како што е, (не)регулирано, тоа отвора простор за злоупотреби и корупција, создава клиентелизам […]

Пендаровски ја почнува кампањата од Прилеп


  Претседателот на државата ја почнува утре кампањата за втор мандат со вечерен митинг во Прилеп во 20 часот. Претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани во 17,30 и Крушево во 18,30 часот.  В петок, 5 април, Пендаровски ќе ги посети општините Карбинци и Пробиштип, а централен митинг ќе се одржи во Штип со почеток во […]

МТВ и институтот ИПИС ги отфрлаат наводите на СДСМ за „лажни анкети“


  Уредувачкиот колегиум на МТВ и Институтот за политички истражувања од Скопје реагираа во врска со тврдењата на СДСМ и објавените документи со кои, наводно, се покажува дека анкетите објавени на јавната телевизија биле нарачани од ВМРО-ДПМНЕ. „МТВ во никој случај нема да влезе во дневно-политичка пресметка на партиите во овој предизборен период. Јавниот сервис […]

Килијан Марфи и Ен Хатавеј – оскаровци се модни икони на Версаче


Се чини дека Донатела Версаче има наклонетост кон добитниците на Оскар, бидејќи актерите Килијан Марфи и Ен Хатавеј се избрани како моќна двојка што ќе ја предводи новата кампања за колекција на Икони на Версаче – која денес официјално започна на глобално ниво. Неодамнешниот оскаровец за најдобар актер Марфи веќе беше најавен како ново заштитно […]

Потребна е економија која ќе води сметка и за социјалните и за еколошките предизвици


Во водењето на економијата потребен е нов концепт кој ќе води сметка и за социјалните и за еколошките предизвици и економија која е праведна. Ова го посочија вчера реномирани домашни економисти кои учествуваа во јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ каде што се разговараше за нов концепт на водење на економијата после соочувањето со најголемите […]

Пријателска земја ѝ `удри шлаканица` на Русија


Оваа недела во Киргистан ќе биде прекината циркулацијата на руските платежни картички „мир“, објави локалниот платежен оператор од оваа азиска земја. Киргистанскиот Елкарт го наведува ризикот од секундарни санкции поврзани со сопствената платежна инфраструктура како причина за прекин на сервисирањето на трансакциите со руска картичка, објави Ројтерс. Рускиот национален платен систем со картички (NSPK) соопшти […]