Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден


Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите христијани заедно да го слават Велигден. Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар. – Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 […]

Српската полиција копа околу куќата во која исчезна двегодишното девојче Данка


Полициски истражители почнаа да копаат околу куќата во Бањско Поле каде исчезна девојчето Данка Илиќ минатиот вторник. Како што пренесуваат српските медиуми, простор со радиус од околу 100 метри е ограден со жолта лента околу куќата. Во близина на куќата има голем број полициски истражители. Како што неофицијално дознава „Новости“, има и вештаци за судска […]

Полски навивач ќе пешачи 100 километри поради гол кој го постигна голман


Фудбалски навивач од Полска ќе мора да пешачи 100 километри во рок од три денови за да го исполни ветувањето дека пеш ќе стигне до стадионот на екипата чиј голман прв ќе постигне гол оваа сезона во полската Екстракласа. „Ако некој голман постигне гол до крајот на сезоната, лично ќе пешачам до стадионот на неговиот […]

Тома Фила за иницијатива на Шапиќ за преместувањето на посмртните останки на Јосип Броз Тито: Тоа не може да помине


Тома Фила, адвокат и функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), смета дека не може да помине иницијативата на Александар Шапиќ за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Кумровец, јави дописникот на МИА од Белград. -Прво Кумровец би требало да посака Броз да биде погребан таму. Освен тоа, […]

Јакимовски пред почетокот на Конвенцијата на коалицијата Храбро за Македонија: Мојата кампања ќе оди во две насоки


Мојата кампања ќе оди во две насоки – реформа на Судскиот совет и Уставниот суд и втората развој на наменското производство, порача претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски пред почетокот на денешната Конвенција на коалицијата Храбро за Македонија. Тој нагласи дека мора во Судскиот совет и Уставниот суд да има истакнати судии и адвокати, како и универзитетски […]

Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за 2 јуни ги распиша изборите за советници за градското собрание на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Ана Брнабиќ претходно денеска, по разговорите со опозицијата во собранието изјави дека нема можност за поместување на датумот на изборите за град Белград. -Моја законска и уставна обврска е […]

Хамас имал големо складиште за оружје на југот на Бугарија, планирал напади во Германија


За време на истрагата за членовите на Хамас, уапсени во декември во Германија и Холандија, истражителите открија складиште со оружје што требало да се користи во нападите врз еврејските објекти во Германија, објавија германските медиуми. „На југот на Бугарија, во подземен магацин беше пронајдено оружје и муниција што требаше да се користи за напади на […]

Почина Вера Свобода, музичка ѕвезда во ексЈУ


Хрватската пејачка на забавни, народни и староградски песни, Вера Свобода, почина на 88-годишна возраст, потврди нејзината ќерка за медиумите. Свобода е родена во Осиек на 15 август 1936 година. Детството и основното училиште ги поминала во Миклеуш. Учела во музичкото училиште „Фрањо Кухач“ во Осиек. Студирала и дипломирала англиски јазик на Педагошката академија во Осиек. […]

Борбата на родителите на деца со аутизам е секојдневна и тешка


Бројот на лица со аутизам во земјава расте и сè повеќе родители и доктори ги препознаваат раните знаци на ова нарушување. Во земјава нема регистар за лица со аутизам. Според Светската здравствена организација, едно на 100 деца е дијагностицирано со ова нарушување. Само во САД, бројот на лица дијагностицирани со ова нарушување е зголемен за […]

Приказната за обновата на Скопје низ изложба во МСУ – улогата и придонесот на грчкиот архитект Доксијадис во фокусот


Во Музејот на современа уметност во Скопје во тек е уникатната изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“, која има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје, по повод 60 години од земјотресот. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер Константинос […]

И Таравари како ВМРО-ДПМНЕ, ќе бара гаранции од ЕУ


Претседателскиот кандидат на албанската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, најави денес дека ќе бара гаранции од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ дека, по уставните измени, нема да има нови барања за Македонија надвор од Преговарачката рамка за започнување преговори. Со оваа најава тој практично отвори врата за постизборна коалиција на ВРЕДИ со ВМРО-ДПМНЕ, која […]

Виенска полиција: На видео материјалот веројатно е Данка Илиќ, се бараат жените од снимката


Виенската полиција објави соопштение во кое достави две нови фотографии од девојче од Виена кое наликува на Данка Илиќ (2). Полицијата во своето соопштение наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во овој град и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка, пишува Блиц. Како што се […]

САД им укажале на Русите дека токму „Крокус сити хол“ е можна цел на терористички напад


На почетокот на март САД ги предупредиле руските безбедносни агенции дека постои закана од терористички напад во Русија и посочиле дека концертната сала „Крокус сити хол“ е можна цел на нападот. Повикувајќи се на двајца неименувани службеника, весникот „Вашингтон пост“ објави дека информацијата за подготовка на терористички напад американските служби ги предале на руската Федерална […]

Македонските ракометарки се пласираа на Европското првенство


Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако попладнево го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5. За избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ова е трета победа во петтиот квалификациски дуел со која се зацврстија на второто место на […]

Лажна е веста дека Македонски центар за литература е нова писателска асоцијација


Лажна е веста дека е формирана нова асоцијација на писатели – Македонски центар за литература. Македонскиот центар за литература е здружение на граѓани, а не асоцијација, соопшти Владимир Јанковски, писател и претседател на истоименото здружение, кој демантира дека е формирана ваква асоцијација. Неговата реакција следува откако претходно денеска до медиумите стигна писмено соопштение во кое беше […]

Анкета: Трамп води пред Бајден во шест од седум „колебливи“ држави


 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има предност во анкетите во однос на претседателот Џо Бајден во шест од седум „колебливи“ држави на претстојните претседателски избори. Републиканецот Трамп има предност од два до осум процентни поени пред демократскиот кандидат Бајден во Пенсилванија, Мичиген, Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина, држави чии гласачи традиционално не се јасно […]

Градоначалникот на Белград: Да го вратиме Тито во Кумровец од каде што дојде


Вршителот на должноста градоначалник на Белград Александар Шапиќ во средата на Инстаграм објави дека ќе покрене иницијатива за преселување на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Белград во Кумровец во Хрватска, каде што е роден. „Да ставиме крај на оваа Куќа на цвеќето еднаш засекогаш и нека Јосип Броз се врати […]

„Мојата агенција не ги прави анкетите“: Петар Арсовски ја демантира МТВ


Големата врева што настана денеска со наводите од страна на СДСМ дека МТВ и институтот ИПИС правеле лажни анкети за да укажат на голема предност на ВМРО-ДПМНЕ, го зафати и познатиот аналитичар и сопственик на агенцијата „Креатиф“, Петар Арсовски. Во демантот на МТВ беше наведено: „Во истражувањето се вклучени две реномирани агенции (факт кои не […]

Авионот на Блинкен приземјен во Париз поради дефект, за Брисел отпатува со автомобил


Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен мораше да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел отпатува со автомобил. На состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата, што денеска почнува во Брисел, Блинкен замина со автомобил, објави портпаролот на Стејт департментот, […]

Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска


Училиштата во Финска добија лажни закани за бомби, изјави комесарот за криминал во округот Усима, Сами Хеикила, еден ден по пукањето во основно училиште во градот Ванта, во кое загина еден ученик. Тој изјавил дека информацијата стигнала до полицијата преку центрите за итни случаи и социјалните мрежи, пренесува финскиот јавен сервис YLE. Хеикила додаде дека […]