Лажна е веста дека Македонски центар за литература е нова писателска асоцијација


Фото: Б. Грданоски

Лажна е веста дека е формирана нова асоцијација на писатели – Македонски центар за литература. Македонскиот центар за литература е здружение на граѓани, а не асоцијација, соопшти Владимир Јанковски, писател и претседател на истоименото здружение, кој демантира дека е формирана ваква асоцијација.

Неговата реакција следува откако претходно денеска до медиумите стигна писмено соопштение во кое беше наведено дека се формира нова македонска писателска асоцијација под ова име. Соопштението до медиумите стигна од електронска адреса на извесно „Информа плус здружение“.

 

Во реакцијата, Јанковски додава оти активностите на Македонскиот центар за литература не се поврзани со Друштвото на писателите на Македонија и „многубројните турбуленции во ДПМ“, нешто што, како што вели, се наведува во лажното соопштение.

„Едноставно, некој направил лажна адреса на ‘Џимејл’ и од неа пратил соопштение кое е лажно и кое нема врска со целите и активностите на Македонскиот центар за литература, ниту за контекстот во кој е формиран. Ве молиме да ја имате предвид оваа информација“, додава Јанкоски во реакцијата. 

Демантот дека е формирана нова писателска асоцијација со ова име е објавена и на официјалниот фејсбук-профил на Македонскиот центар за литература.