Почина Вера Свобода, музичка ѕвезда во ексЈУ


Хрватската пејачка на забавни, народни и староградски песни, Вера Свобода, почина на 88-годишна возраст, потврди нејзината ќерка за медиумите.

Свобода е родена во Осиек на 15 август 1936 година. Детството и основното училиште ги поминала во Миклеуш. Учела во музичкото училиште „Фрањо Кухач“ во Осиек. Студирала и дипломирала англиски јазик на Педагошката академија во Осиек. Почна да пее во родниот град на Радио Осијек, а во театарски претстави веќе на 16 години.

Таа беше една од најголемите музички ѕвезди во седумдесетите во поранешна Југославија. Во Кроација рекордс (поранешен Југотон) снимила петнаесет „лонг плеј“ плочи, пет ЦД-а, дваесет касети, а за потребите на ХРТ повеќе од 300 народни, старовремени и забавни песни.

Таа доби бројни награди и признанија. Добитничка е на државната награда Орден на Хрватска Даница со ликот на Марко Марулиќ за нејзиниот придонес во културата. Во 2022 година ја доби наградата Порин за животно дело.