Германските машиновозачи се подготвуваат за штрајк


Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ денеска најави дека ќе штрајкува во наредните денови, по ескалација на спорот за платите со железничката компанија Дојче Бан. Штрајкот ќе трае од 10 до 12 јануари, најави синдикатот. На 9 јануари штрајкуваат машиновозачите за превоз на товар. Синдикатот во декември најави дека ќе штрајкува неколку дена по божиќните празници. […]

Двајца планинари загинаа на Алпите, беа погодени од голема лавина


Двајца планинари ги загубија животите на италијанските Алпи во близина на Швајцарија, откако беа фатени во лавина. Италијанската алпска спасувачка служба соопшти дека лавината удрила на надморска височина од 2.200 метри во неделата околу пладне. Телото на едното лице лавината го турнала во езерото во близина на дното на планината, додека другото било пронајдено закопано […]

Волстрит журнал: Илон Маск зема неколку видови дроги


Илон Маск и неговите поддржувачи нудат неколку објаснувања за неговите чести дијаметрално спротивни ставови, нефилтриран говор и провокативни испади. Тие се израз на неговата креативност, тврдат тие. Или тие се резултат на неговите проблеми со менталното здравје. Или резултат на прекумерен стрес, или недостаток на сон, пишува Волстрит журнал, Wall Street Journal (WSJ). Во последниве […]

Израел влегува во нова фаза на војната. Дали сè уште се обидува да го „уништи“ Хамас?


  Пред три месеци, зборувајќи пред граѓаните потресени од ужасниот ден на напади на Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување. „ИДФ веднаш ќе ја употреби сета своја сила за да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече Нетанјаху. „Ќе ги уништиме“. Сега, израелските одбранбени сили (ИДФ) се префрлаат во нова фаза од својата војна против […]

7 јануари во историјата – Одржани првите претседателски избори во САД


  Американскиот Конгрес го одреди 7 јануари 1789 година како датум до кој од државите се бараше да изберат електори за првите претседателски избори во земјата. Еден месец подоцна, на 4 февруари, Џорџ Вашингтон беше избран за претседател од државните електори и положи заклетва на функцијата на 30 април 1789 година. Како и во 1789 […]

Се доцни со разрешувањето на раководството на М-НАВ, оценува професорот Давитковски


Универзитетскиот професор Борче Давитковски денеска оцени дека во случајот со М-НАВ потфрлија инстуциите кои што се партизирани и кои не одговараат пред Уставот на државата и пред законите, ниту пред граѓаните, туку се во функција да ги поддржуват политичките партии. Според него, Владата доцни со разрешувањето на раководството на М-НАВ. Во изјава за ТВ Телма, […]

Нови заплети со случајот во Навигација


  Апсењето на еден од нападнатите во инцидентот во М-НАВ отвора нови аспекти во случајот што ја скандализираше јавноста, па дури ја остави и во неверување. Како што соопшти МВР, П.Б. (39) бил уапсен во саботата вечерта на граничниот премин „Долно Блаце“ кога сакал да излезе од државата и да замине во Косово. При проверката […]

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет


Македонската ракометна репрезентација до 18 години избори пласман на Европското првенство, откако попладнево во „Автокоманда“ го победи националниот тим на Косово со 33:24 (полувреме 15:11).  Најзаслужни за триумфот на домаќините беа Теодор Пецаноски со осум гола и Трајковски со шест гола. Покрај Македонците, пласман на Европското првенство од оваа квалификациска група изборија и Швајцарците кои […]

Без вода утре дел од корисниците на булевар „АСНОМ“


Без вода утре ќе бидат корисниците од парните броеви на булеварот „АСНОМ“ во Скопје. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф100мм.на булеварот Асном 170 спротив ФФМ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на дефектот.

Пентагон со денови не ги информирал Бајден и Белата куќа за хоспитализацијата на Остин


Пентагон не им кажал на претседателот Џо Бајден и на другите високи функционери за хоспитализацијата на министерот за одбрана Лојд Остин три дена, изјавија тројца американски официјални лица, пренесува Политико. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан и другите високи соработници во Белата куќа не знаеле за хоспитализацијата на Остин на 1 јануари сè додека Министерството […]

Тенис: Германија го освои Јунајтед купот


Репрезентацијата на Германија ја совлада Полска во финалето на Јунајтед купот 2024 со резултат 2:1. Во првиот натпревар од финалето во поединечна конкуренција за жени, Ига Швјонтек ја победи Анжелик Кербер за водство на Полска. Во вториот меч, во машкиот сингл, Александар Зверев го совлада Хуберт Хуркач и го израмни резултатот. Во решавачкиот меч, во […]

За една недела од Гостиварско заминале над 11 илјади печалбари


Последниот празничен викенд во Гостивар беше раздвижен поради заминувањето на печалбарите, дојдени за новогодишните и божиќни празници. Изминативе две недели нивното присуство беше забележливо по угостителските локали, дуќаните, а најмногу по улиците. Оваа недела најголем метеж имаше на автобуската станица од каде тргнуваа повеќето автобуси на меѓународните дестинации. Деновиве на социјалните мрежи и во разговорите […]

Мицкоски за случувањата во М-НАВ: Доколку „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, би биле „уапсени или ликвидирни“


Во однос на случувањата во М-НАВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку ваква „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, сега веќе би биле “уапсени или ликвидирни“. Прашан како го оценува почетокот на годинава, Мицкоски рече дека не би сакал да одговара на вакви прашања, и порача дека „потреби […]

ЈО контра Кривичен за случајот М-НАВ: Не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица


Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во случајот со М-НАВ е неоснована, информираат од Јавното обвинителство. -Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота, ни доаѓа во посета саудиска делегација


Посебен режим на сообраќај ќе има од вторник до сабота, од 9 до 13 јануари, во Скопје поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе […]

Жителите на кумановско Речица не дозволуваат да се закопуваат угинати свињи во близина на нивното село


Жителите на Речица се револтирани зошто токму кај нив се закопуваат угинатите свињи од африканска чума. Тие денеска кажаа за нив проблем е зошто од друго село се носат свињи во близина на нивното село. – И нас ни беше одземена стоката лани, заради истата причина, но беа однесени на соодветно место. А сега од […]

ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите за министри и заменици-министри


ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе има извршен комитет и централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го […]

На граничниот премин „Долно Блаце“ меѓу Македонија и Косово уапсен нападнатиот во М-НАВ


    Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата бил лишен од слобода П.Б. од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“. Како што соопштуваат од МВР, при извршување на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна […]

Вашингтон пост: САД се загрижени дека Нетанјаху може да почне војна и во Либан


Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се загрижени дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне војна против либанскиот Хезболах со цел да ја зацврсти својата позиција во земјата и да ја спаси својата политичка кариера, објави Вашингтон пост. Популарноста на Нетанјаху опадна од почетокот на војната со палестинскиот Хамас, бидејќи […]

Оние што се обложуваа против акциите на „Тесла“ лани изгубија повеќе пари отколку со која било друга компанија


Еве нешто што сигурно ќе го насмее Илон Маск – љубителите на краткорочни берзански трансакции, таканаречениот шортселинг, односно инвеститорите кои се обложија дека вредноста на акциите на „Тесла“ ќе опадне (и така ќе заработат), изгубија заедно 12,2 милијарди долари минатата година, повеќе од оние што изгубија во ваквиот вид трансакции со која било друга компанија […]