Двајца планинари загинаа на Алпите, беа погодени од голема лавина


Двајца планинари ги загубија животите на италијанските Алпи во близина на Швајцарија, откако беа фатени во лавина.

Италијанската алпска спасувачка служба соопшти дека лавината удрила на надморска височина од 2.200 метри во неделата околу пладне.

Телото на едното лице лавината го турнала во езерото во близина на дното на планината, додека другото било пронајдено закопано под снегот.

Стражарите виделе дека ги погодила лавина, по што е започната потрага. Бидејќи не можеле да ги најдат пеш, бил употребен и хеликоптер за спуштање на спасувачкиот тим како и кучиња трагачи.

Идентитетот на жртвите не е соопштен, пишува Скај њус.