Финска во колапс: Не работат градинки, фабрики, авиосообраќајот, превозот…


Работничките синдикати денеска излегоа на тридневен штрајк во Финска во знак на протест против измените на законите за пазарот на трудот и намалувањето на социјалното осигурување. Измената на законот беше предложена од владата на премиерот Питер Орп. Се очекува штрајкот сериозно да го наруши секојдневниот живот на Финците, пренесува Ројтерс. Во рамки на тридневната акција […]

Митрески ќе бара консензус за спорниот член на ДИК


  Претседателот на Собранието Јован Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, вели дека на вчерашната средба со пратениците од албанската опозиција Европски сојуз за промена предложил од Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на пленарна седница да стигнат двата предлога за избор на член на Државната изборна комисија и да […]

Битиќи: ЕУ ќе ни стави на располагање 874 милиони евра за три месеци


Потpретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Аргумент +“ на телевизија 24 истакна дека планот за раст кој што Европската комисија го обзнани е показател дека Западен Балкан е важен за ЕУ и сака од два аспекти да бидеме спремни до денот на влегување, прво од економски аспект, второ од аспект на реформи. -Вкупно на […]

Столтенберг: Ако не ја запреме руската агресија другите ќе научат дека употребата на сила против Америка работи


За САД и Европа, Кина е најсериозниот долгрочен предизвик додека Русија е најопасниот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. -Путин ја врати војната во Европа во размери невидени од Втората светска војна, и развива нови стратешки оружја да се закани на Соединетите Држави и сојузниците, изјави Столтенбер денеска во настап што се одржа […]

„Имате крв на вашите раце“: Цукерберг и другите технолошки директори на сослушување во Сенатот


  Во неверојатен момент за време на сослушувањето во американскиот Конгрес за наводните штети на децата преку Интернет, извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, им се обрати на родителите на жртвите во салата во Сенатот и се извини. „Жал ми е за сето она низ кое сте поминале“, рече Цукерберг додека родителите држеа фотографии од […]

Европските производители на соларни панели бараат помош


Европските производители на соларни панели побараа од Европската унија мерки за итна помош за да се зачува производството наспроти евтиниот кинески увоз, се вели во писмото што го видел Ројтерс. Група европски производители на соларни панели најавија затворање на погоните, наведувајќи го бранот увоз и прекумерната понуда на делови што се натрупаа во европските магацини, […]

Марк Гасол стави крај на кариерата


Легендарниот шпански кошаркар Марк Гасол вечерва на прес – конференција во Барселона објави крај на својата две децении долга и успешна кариера. „Дојде време да се повлечам. Сакам да бидам подобар татко, подобар пријател. Кошарката честопати ве принудува да се изолирате и да не сте присутен колку што би требало да бидете“, рече 39-годишниот Марк […]

Без струја утре дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани. Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од ул.4 бр.235 Бардовци во општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Миладиновци ул.8, ул.10 и ул.1 во […]

Рекордна добивка на норвешкиот фонд


Норвешкиот државен богат фонд објави дека минатата година имал рекорден профит од 2,22 билиони круни, што значи 196 милијарди евра. Приносот на вложените средства е 16,1 отсто. Фондот има речиси 80 отсто од своето портфолио во акции. Во септември 2017 година, вкупната вредност на фондот за прв пат надмина билион долари, а сегашната вредност е […]

Дал отказ и се вработил на Антарктик: Добро е додека не ја отвориш вратата


Американецот Џеф Капс решил да ја напушти работата, а потоа почнал да работи во американската поларна станица Амундсен – Скот. Тој во интервјуто откри детали од својот живот на оваа необична локација. „Работев како автомеханичар. Еден ден еден стар пријател ми рече дека им треба механичар за да работа на моторни санки на Јужниот пол […]

Безос ја продава куќата во која е роден Амазон. Цената е 2,3 милиони долари, еве како изгледа (видео)


Џеф Безос поседува голем број луксузни имоти вредни стотици милиони долари, но еден дом поврзан со основачот на Амазон штотуку се појави на пазарот за „само“ 2,3 милиони долари. Куќа во Белви, Вашингтон, претставува важен дел од историјата на Амазон. Во гаражата на куќата во која Џеф Безос живеел во 1990-тите, Амазон е основан во […]

Сопруга и 19-годишен љубовник брутално убиле маж во Добој. Деталите се страшни


Полицијата во Добој, Босна и Херцеговина, сè уште ги склопува сите коцки од бруталното убиство на Саша Кулишиќ (46) за кое се осомничени неговата сопруга Андреа Кајганиќ (32) и нејзиниот млад љубовник Дражен Лазаревиќ (19). Првите резултати од истрагата укажуваат дека Андреа и Дражен решиле да извршат кривично дело за да можат да ја продолжат […]

Снежната покривка во источна Турција достигна 10 метри


 На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ. Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени. Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во […]

Чешка ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка


Чешка на 2 февруари ќе ги укине привремените гранични контроли со Словачка, воведени за ограничување на илегалната миграција, изјави денеска премиерот Петар Фиала. Чешка, заедно со Германија, Полска и Австрија, во есента минатата година ги врати граничните контроли поради зголемувањето на бројот на мигранти кои минуваа низ нејзината територија кон побогатите западноевропски земји. Во 2023 […]

Зголемен бројот на бездомници на улиците на Лондон


 Бројот на луѓе кои спијат на улиците на Лондон се зголеми за 23 отсто и достигна повеќе од четири илјади луѓе, што е највисоко ниво во текот на последната деценија, објави Гардијан. Градското собрание објави дека на улиците на Лондон имало 4.389 бездомници во четвртиот квартал од 2023 година, што е зголемување за 23 отсто […]

Малолетник нападнат од врсници во Карпош


Скопјанка во полиција пријавила физички инцидент во кој бил нападнат нејзиниот малолетен син.  На 30.01.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Л.П.К.(43) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат нејзиниот малолетен син од двајца соученици, соопшти полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Американски стафорд уби 82-годишна жена во Задар, приведен припадник на хрватските вооружени сили


Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена во Задар бил припадник на хрватските вооружени сили, па изрази на жалење упатиле Министерството за одбрана и вицепремиерот и министер Иван Анушиќ. -Припадниците на полкот на Воената полиција во соработка со полицијата приведоа припадник на армијата кого Управата на полицијата во Задар го товари за тешко кривично дело […]

Скопјанка нападната од својот сопруг


Скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.  – На 30.01.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР. 

Само четиристотини луѓе отпатувале во сите земји во светот


Повеќето патници имаат свој уникатен список на дестинации, но колку од нив ги имаат наведено сите земји во светот? Иако бројот на луѓе кои успеале да го постигнат ова е сè уште релативно мал – наводно се проценува на околу 400 или нешто повеќе – се повеќе и повеќе се трудат да го постигнат овој подвиг. […]

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово


Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека утре ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. – Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. […]