Без струја утре дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од ул.4 бр.235 Бардовци во општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Миладиновци ул.8, ул.10 и ул.1 во општина Илинден, од 7:30 до 15:00 часот корисниците од Инџиково: улица 2, 4, 6, 8, 10, 11 и ул. „Добре Ивановски“ во општина Гази Баба, од 8:00 до 12:00 часот корисниците од ул. 4 и ул. 1 во село Студеничани во општина Студеничани, а во периодот од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Долно Количани во општина Студеничани.