(Видео) Цела Германија блокирана: Земјоделците со трактори излегоа на автопатите


Блокади на автопатишта, колони автомобили, сообраќаен метеж. Во Германија утрово почнаа протестите на земјоделците против укинувањето на субвенциите. Како што пишува Дојче веле, денеска практично нема да има дел од Германија што ќе функционира нормално. На патиштата ќе има илјадници трактори – во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата. Списокот на […]

Бразил има нов селектор на фудбалската репрезентација, тренирал само домашни клубови


Тренерот на Сао Паоло, Доривал Жуниор го напушти тимот за да ја предводи бразилската репрезентација, објави прес-службата на бразилскиот клуб. – Сао Паоло информира за оставка од тренерот Доривал Жуниор, кој побара прекин на соработката за да ја води бразилската репрезентација, се вели во соопштението на клубот. Доривал Жуниор беше на чело на Сао Паоло […]

Автопатот Охрид–Кичево – десет години подоцна


Со завршувањето на тековната година истекува и неколкупати продолжениот рок за завршување на изградбата на автопатот што требаше да ги поврзува Охрид и Кичево. Тоа не значи дека од 1 јануари во новата 2024 година од Охрид до Кичево ќе се вози по автопат. Граѓаните ќе мора да почекаат уште „некоја“ година на современ пат […]

Кси со нов закон ќе ги прави Кинезите поголеми патриоти


Еден декемвриски ден, средношколците во Фужоу, југоисточна Кина, се собраа во селскиот парк за да ги проучат мислите на кинескиот лидер Кси Џинпинг. Развивајќи црвен транспарент што го прогласи нивното излегување како „проодна училница за политика и идеологија“, тие бараа просветлување со следење на стапките што ги направи Кси при неговата посета на соседството во 2021 […]

Леден бран и бури низ Европа – температури од – 44 степени Целзиусови


По благиот почеток на зимата, Европа ја зафати студен бран, кој викендов ќе стигне и до Балканот. Се очекува дека температурите ќе паднат под просекот за овој период од годината насекаде, од Велика Британија до Франција и Германија. Температурите во Лондон во текот на ноќта би можеле да се спуштат под нулата до понеделник, додека […]

Повеќе од 10 деца секојдневно остануваат без нозе во Газа


Повеќе од 10 деца во просек губат една или двете нозе секој ден во Газа од 7 октомври, со многу ампутации извршени без анестезија, објави во неделата  добротворна организација, нагласувајќи ја страшната хуманитарна ситуација во палестинската енклава по повеќе од три месеци израелско бомбардирање. Во соопштението кое ја цитира статистиката на Обединетите нации, директорот на […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Меџити дека вработува роднини


ВМРО-ДПМНЕ оценува дека кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити станало „дувло на непотизам“ и декабез соодветни критериуми се вработува кадар и на скопските клиники, иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем. „Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку […]

Учениците во Грција се враќаат во училиште со превентивни мерки за заштита од Ковид-19


Атина – По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на […]

Противниците на либанското движење Хезболах објавија порака на екраните на аеродромот во Бејрут


Аеродромот во Бејрут вчера беше цел на кибер напад. На екраните со информации за летот имаше порака против шиитското движење Хезболах, во Либан, кое врши напади врз соседен Израел. На екраните се појави порака упатена до лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, која гласеше: „Во името на Господ и народот, аеродромот во Бејрут не им припаѓа […]

Црвениот килим на 81. „ Златен глобус“: Најдобро и најлошо облечени


Лос Анџелес– Холивуд ја отвори сезоната на црвениот килим – парадираа во хотелот Беверли Хилтон за 81-то доделување на наградите Златен глобус ( ги доделуваат акредитираните новинари во Холивуд) чиј домаќин беше комичарот Џо Кој. Иако може да има само еден победник во секоја категорија, холивудските моќни играчи знаат дека битката за центарот на вниманието […]

Најбараниот еквадорски криминалец исчезна од затвор


Озлогласениот водач на криминалната група Лос Чонерос исчезна од еквадорскиот затвор во кој се наоѓаше од 2011 година, соопштија властите и започнаа операција за негово лоцирање. Генералот Цезар Запата, началникот на полицијата, на прес-конференција изјави дека вооружените сили на земјата утврдиле дека еден од затворениците во затворот Гвајакил „исчезнал“. Иако Запата не го спомна името […]

(Во живо) Американците лансираа ракета на Месечината – прва по „Аполо“


Лансирана е ракетата „Вулкан“ што го носеше вселенското летало „Перегрин“. Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида во 08:18 часот. Ако вселенското летало „Перегрин“ безбедно слета на нашиот природен сателит, тоа ќе биде првото американско летало што ќе направи меко слетување на површината на Месечината од ерата на „Аполо“. Прво американско слетување на Месечината […]

Мурињо размислува за заминување од Рома


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо може да го напушти тимот, тврди „FootMercato“. На одлуката на 60-годишниот фудбалски стручњак може да влијае заминувањето на спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, кој ќе го напушти клубот во февруари. Пинто беше иницијатор на поканата на Мурињо во римскиот клуб. Во оваа насока, Мурињо сè уште не го продолжил […]

СЗО не може да достави медицински материјали во северниот дел на Газа речиси две недели


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не можела да стигне до северот на Појасот Газа 12 дена за време на тековната војна меѓу Израел и Хамас. Планираната мисија во болницата Ал-Авда и четири други во северна Газа беше откажана по четврти пат бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста, објави вчеравечер СЗО на платформата за […]

Белгиското претседателство со ЕУ под притисок за заокружување на клучните досиеја од Зелениот договор


Брисел – Новиот претседавач со ЕУ, Белгија има само осум недели да постигне договор со Европскиот парламент за неколку клучни регулативи поврзани со Зелениот договор за кои се води жестока дебата во Унијата, како оние за правилата за отпадот од амбалажа, за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид од камионите и автобусите и за нормите за […]

Триумф на „Опенхајмер“ на 81. „Златен глобус“ – најдобра драма, режија, актер и спореден актер


Лос Анџелес– Биографскиот филм на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ доминираше на 81-от Златен глобус, освојувајќи пет награди, вклучително и за најдобра драма, додека филмот на  Јоргос Лантимос за Франкенштајн „Сиромашните нешта“  го победи „Барби“ во категоријата најдобра комедија или мјузикл. Ако сезоната на награди е натпревар меѓу  Барбенхајмер, оваа рунда отиде кај „Опенхајмер.“ Филмот, исто така, […]

Умерен до засилен северен ветер и дожд, значително заладување во текот на неделата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 8 јануари 2024 година, осмиот ден во годината. До крајот на годината остануваат 358 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути.  Денов трае 9 часа и 17 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Пациент нападнал со нож вработен во „8 Септември“


Во Градската општа болница „8 Септември“ вечерва се случил инцидент, откако вработен во болницата бил нападнат од страна на пациент. -Вечерва во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во […]

Тричлено семејство и двајца водичи и натаму се заробени во пештера во Словенија: „Нема евакуација до утре“


Пет лица се заробени во пештера во југозападна Словенија од вчера попладне, откако обилните дождови го подигнаа нивото на водата, а спасувачите не можеа безбедно да ги извлечат, јавија денеска локалните медиуми. Тричлено семејство (мајка, татко и ќерка) и двајца туристички водичи се засолниле на безбедно место во Крижна јама долга 8,2 километри, до која […]