(Видео) Цела Германија блокирана: Земјоделците со трактори излегоа на автопатите

На патиштата ќе има илјадници трактори - во протестот против укинувањето на субвенциите што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата


Блокади на автопатишта, колони автомобили, сообраќаен метеж. Во Германија утрово почнаа протестите на земјоделците против укинувањето на субвенциите.

Како што пишува Дојче веле, денеска практично нема да има дел од Германија што ќе функционира нормално. На патиштата ќе има илјадници трактори – во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата.

Списокот на градови и автопати чии блокади се најавуваат е долг. Надлежните ги повикаа граѓаните денеска да користат железнички превоз и да се откажат од возењето.

Работодавците им укажуваат на луѓето да работат од дома каде што е можно, а училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата.

Многу германски компании ги повикаa вработените во недела навечер или понеделник наутро.

„Во понеделникот рано наутро ме повикаа од компанијата и се договоривме целата канцеларија да работи од дома бидејќи нема смисла да се трошат часови на автопатите“, изјави Иван К. за Феникс, кој работи во Визбаден, главниот град на германската сојузна покраина Хесен во која неколку важни автопати се блокирани за сообраќај.

Многу од неговите колеги доаѓаат од подалечни места, како што е Аугсбург, што денес би било невозможно. „Еден мој колега утрово се движеше кон Визбаден, но веќе на влезот на автопатот полицијата стоеше и го блокираше влезот. Во далечината на автопатот виде трактори како полека возат по автопатот“, откри Иван.