Бочварски и Филипче се провозија по завршениот дел од патот Градско-Прилеп


 

Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните Фејсбук страни.

„Експресен пат Градско –Дреново. Ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот автопат на коридор 10, ова е коридор 10д. Сѐ уште е во градба, меѓутоа, асфалтот е вграден со 98 отсто“, вели Бочварски.

Делницата поминува низ питорскни предели и од она штоп може да се види изгледа одлично изведено.

Во однос на тоа колку проценти од вкупниот пат е завршен досега од двете делници, Бочварски вели дека на првата делница се завршени 91 отсто, а на втората делница која поминува низ Дреновската Клусура над 80 проценти.

„До крај на оваа година ќе се комплетира целиот. Но оваа делница може да се пушти и порано, до септември“, вели Бочварски.

Двајцата велат дека на истокот е направена револуција со патиштата и дека со тоа се раздвижува целата економија. „И за Кочани и за Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу нови отворени фабрики и работни места“, вели Бочварски.