Мицкоски за случувањата во М-НАВ: Доколку „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, би биле „уапсени или ликвидирни“


Фото: Б. Грданоски

Во однос на случувањата во М-НАВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку ваква „бандитска група“ упаднеше на аеродромот во Вашингтон, Париз или Берлин, сега веќе би биле “уапсени или ликвидирни“.

Прашан како го оценува почетокот на годинава, Мицкоски рече дека не би сакал да одговара на вакви прашања, и порача дека „потреби се промени“.

– Скандалозен, нема ден без скандали. Навистина им се извинувам на сите граѓани што морам денеска да одговарам на вакви прашања, бидејќи ова требаше да биде свечен ден, но очигледно секојдневните скандали кои што се случуваат, некако не одбегнуваат да разговараме на оваа тема. Секој ден имате нов скандал, кој што кулминираше со ова дивеење на онаа бандитска криминална група во М-НАВ и она партиско октрoирано обвинителство и судство што тоа го помина како небаре да станува збор за некој што позајмил десетина кебапчиња од кебапчиlница. Жално и трагично и затоа се потребни промени, изјави Мицкоски.