Јунајтед ерлајнс откри проблеми со вратите на Боинг 737 Макс 9, завртките не биле доволно затегнати


 Компанијата Јунајтед ерлајнс денеска објави дека при проверка открила дека на голем број од нејзиниот Боинг 737 Mакс 9, вратите не биле доволно добро прицврстени. -На пример, на завртките им е потребно дополнително затегнување, се вели во соопштението на Јунајтед, кој ја спроведе проверката по налог на американскиот регулатор ФАА. По застрашувачкото изместување на вратата […]

Игор Џамбазов годинава промотор на Вевчанскиот карневал: Бренд кој не смее да се одбие


На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо […]

Ќерката на Мекејн го нарече Трамп „shit”


  Меган Мекејн го нарече Доналд Трамп „парче гомно“ откако поранешниот претседател го исмејуваше нејзиниот татко, покојниот Џон Мекејн, на митингот во Ајова оваа недела. Трамп го исмејуваше таткото на Мекејн во текот на кампањата за време на двочасовниот говор во Њутон, велејќи дека „поради некоја причина не можел да ја крене раката“ за да […]

Русите во Македонија не ќе можат да гласаат на претседателските избори


  Руските власти се подготвуваат да го откажат гласањето на претстојните претседателски избори во руските конзулати лоцирани во „непријателските“ земји, изјави за весникот „Ведомости“ извор од дипломатските кругови. Тој извор појасни дека можеби не станува збор за сите земји кои се вклучени во соодветната владина листа, која брои 49 држави, туку за значителен дел од […]

Шпанската опозиција стравува од преседан во однос на Каталонија по признавањето на косовските пасоши


Шпанската опозициска Народна партија (ПП) обвини дека признавањето на косовските пасоши од страна на Владата во Мадрид би можело да претставува преседан за признавање на евентуални каталонските патни исправи во иднина од страна на некои држави. Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез го промени својот досегашен став и реши да ги признае косовските пасоши по […]

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19


Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“. Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на […]

Тетовчанка пред година платила изработка на мебел, не добила ни мебел, ниту парите ѝ ги вратиле


Четириесет и седумгодишна жителка на тетовско село вчера во 11 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да и изработи мебел за нејзиниот дом и притоа му платила определен паричен надоместок. Меѓутоа, и по два месеци, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот […]

Албанската опозиција не беше на координација кај Џафери, почна со бојкот на Собранието


Албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена со неучеството на денешната редовна координација кај спикерот Талат Џафери го почнува бојкотот на работата на Собранието, изјави за МИА координаторката на пратеничката група Сафије Садики Шаини. Садики Шаини нагласува дека тие ќе продолжат и со други правни мерки за бојкотирање на работата на Собранието, доколку не биде […]

9 јануари во историјата – Колумбо виде морски крави, а мислеше дека се сирени


  На 9 јануари 1493 година, истражувачот Кристофер Колумбо, пловејќи во близина на она што сега е Доминиканска Република, гледа три „сирени“ – во реалноста морски крави – и ги опиша како „ни половина убави како што се насликани“. Шест месеци претходно, Колумбо (1451-1506) тргна од Шпанија преку Атлантскиот Океан со бродовите „Нина“, „Пинта“ и […]

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско


Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45-годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чека да поминат 48 часа […]

Новата влада ќе се избира од 22 до 28 јануари


Избор на техничка Влада, но и нов претседател на Собрание, како и избор на нов пратеник – се само дел од прашањата кои ќе се разгледуваат на пленарни седници од 22 до 28 јануари. Во Собранието нема да има пратенички прашања. Изборот на член за Државната изборна комисија и бојкотот од шест пратеници засега не […]

Бранителот бара куќен притвор за таткото на Вања


Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, бара на неговиот клиент ефективниот притвор да му се замени со куќен притвор.Тоа ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата, тврди Туфегџиќ. Туфегџиќ побарал обвинителот да го викне Ѓорчевски на распит, бидејќи тој во истрагата нема дадено свој […]

Што во куќата треба да се чисти еднаш неделно, а што секој месец?


Ако одвојувате малку време за редовно чистење, помала е веројатноста да се чувствувате преоптоварени. Понекогаш чистењето на куќата е засенето од напорниот живот на работно-семејната реалност. Потоа завршувате со часови во средување и чистење, а со малку добро осмислен план можете да го спречите тоа. Што да се чисти секоја недела? Работи кои постојано ги […]

Инциденти, саботажи или лошо менаџирање: Русите имаат гас, а се смрзнуваат!


Жителите на московскиот регион продолжуваат да смрзнуваат веќе четвртти ден. Десетици илјади жители останаа без затоплување откако во Климовск пукна главна цевка за греење во  специјализираната фабрика за муниција.Околностите околу инцидентот во фабриката  лоцирана на околу 50 километри јужно од Москва се уште не се откриени. Домаќинствата во градовите Химки, Балашиха, Солнечногорск, Љуберци и Електростал […]

Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата


Германското индустриско производство во ноември падна за 4,8 отсто на годишно ниво и за 0,7 отсто на месечно ниво, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис врз основа на прелиминарните податоци. Пазарите очекуваа спротивен тренд, месечен раст на индустриското производство од 0,2 отсто. Индустриското производство во Германија бележи пад веќе шести месец по ред, покажуваат […]

Јелен охрабрена од федералниот договор за трошење постигнат во Конгресот на САД


Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека верува оти федералниот договор за трошење што го постигнаа конгресните лидери во текот на викендот е во согласност со договорот за плафонот на долгот од минатиот јуни и нема да ѝ наштети на внатрешната модернизација на Службата за внатрешни приходи. Јелен, говорејќи пред новинарите на настанот во […]

Славен израелски актер ранет во Газа


  Израелскиот кантавтор и ѕвезда на Нетфликс, Идан Амеди, беше на операција во понеделникот вечерта, откако беше повреден додека се бореше во Газа. Амеди беше ранет во понеделникот во централниот дел на Појасот Газа, соопштија членовите на неговото семејство, според израелскиот весник „Вала“. Тој со хеликоптер бил префрлен во болницата Шеба, каде актерот е во […]

Кои средства донесеа најголем принос на берзите во 2023 година?


Порталот Вижуал капиталист (VisualCapitalist) направи анализа на перформансите на главните класи на средства со следење на нивните релевантни индекси на берзите ширум светот. Податоците за инфографикот подолу доаѓаат од S&P Global и Investing.com. Јапонските акции, претставени во овој инфографик со Никеи 225, беа меѓу најсилните и пораснаа за 30 отсто до крајот на 2023 година. […]

Студот донекаде е полезен за човековото здравје


Покрај вообичаените опасности и ризици, студот донекаде е и добар и корисен за човековото здравје – секако, при умерена изложеност. Следат неколку придобивки што телото и умот ги имаат од ниските температури. Мозокот работи подобро Битните одлуки се носат „со ладна глава“, вели една изрека. Но, и според стручњаците, на повисоки температури луѓето многу поретко […]

Херцог: Случајот против Израел пред Меѓународниот суд е страшен и апсурден


Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека нема „ништо пострашно и апсурдно“ од случајот поднесен од Јужноафриканската Република (ЈАР) до Меѓународниот суд на правдата, во кој се тврди дека Израел врши „геноцид“ во Појасот Газа. Во разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Херцог ја обвини Преторија за лицемерие во врска со случајот на ЈАР […]