Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата


Германското индустриско производство во ноември падна за 4,8 отсто на годишно ниво и за 0,7 отсто на месечно ниво, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис врз основа на прелиминарните податоци.

Пазарите очекуваа спротивен тренд, месечен раст на индустриското производство од 0,2 отсто.

Индустриското производство во Германија бележи пад веќе шести месец по ред, покажуваат податоците објавени на веб-страницата Дестатис, пренесе Блиц.

Месечното производство на капитални производи во ноември бележи пад од 0,7 отсто, како и на производството на интермедијарни производи за 0,5 отсто и на производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

Во тримесечниот период од септември до ноември, германското индустриско производство падна за 1,9 отсто во однос на претходниот квартал.