Инциденти, саботажи или лошо менаџирање: Русите имаат гас, а се смрзнуваат!


Жителите на московскиот регион продолжуваат да смрзнуваат веќе четвртти ден. Десетици илјади жители останаа без затоплување откако во Климовск пукна главна цевка за греење во  специјализираната фабрика за муниција.Околностите околу инцидентот во фабриката  лоцирана на околу 50 километри јужно од Москва се уште не се откриени.

Домаќинствата во градовите Химки, Балашиха, Солнечногорск, Љуберци и Електростал во московскиот регион, исто така, останаа без греење поради прекини на електрична енергија, во услови кога  температурите во областа паднаа до минус 20 степени Целзиусови.Новинската куќа Подиом, без да ги наведе своите извори, објави дека обвинителите започнале истрага за прекините.

„Британски „Сан“ веке објави дека мистериозен инцидент во тајната фабрика за куршуми на Владимир Путин оставила стотици илјади Руси да премрзнат „до смрт“. Според медиумот, некои извештаи сугерираат дека фабриката била саботирана поради неуспешната војна на Путин во Украина, бидејќи жителите биле оставени сами да се грижат на температури до минус 30 Целзиусови степени. Според пишувањето, младенците Едуард Полуектов (28) и Анастасија Полуектова починале од труење со јаглерод моноксид додека се обидувале да се затоплат веднаш по свадбата. Очајните жители исцртаа натпис: „СОС – Смрзнуваме – Казнете ги виновниците“.

Руската влада, одговорна за обезбедување греење на жителите, ги пренасочи јавните средства во последните две години за да ја финансира илегалната војна во Украина. Еден од жителите се пожали на протест: „Полицијата брзо пристигна да не попречи.Посакувам да го вратат греењето толку брзо како што ги испратија полицајците да не растераат“.

Во Литкарино, исто така во близина на Москва, друга електрана се расипа, оставајќи ги жителите да палат оган надвор на ледените температури.Жените, децата и пензионерите излегоа да се пожалат.

„Ние палиме дрва затоа што е премногу студено дома. Дури и надвор е потопло“.

Извештаите велат дека има рекорден пад на температурите по Нова година и неуспех на локалните власти да се справат од добавувачите, покрај инцидентите.

„Четврти ден без греење. Сите што можеа, веќе се самоевакуираа…“ – изјавија жителите на Електростал во близина на Москва и покажаа како изгледа нивната куќа одвнатре.

“Влезот е целосно замрзнат. Сите радијатори се уништени. Во нашите станови е 5 степени Целзиусови. Оние кои останаа преживуваат најдобро што можат – со гас, секакви грејни тела”, вели жител на куќата на видеото.

 

Во друга куќа на улицата Октјабрскаја, радијаторите пукаа на секој кат од 1-ви до 9-ти, а некаде ѕидовите почнаа да гнијат од влага и студ. Жителите на Воскресенск во близина на Москва снимија видео порака до Путин во која се жалат на недостаток на греење.

„Се чувствува како да сакаат да го избришат нашиот Воскресенск од картата. Како да сакаат да не уништат!“, велат жителите на Воскресенск, истакнувајќи дека администрацијата знае за сè, но не дејствува.

„Мрзнеме. Во нашите станови е 11-12 степени. Моментално во мојата соба е 6 степени Целзиусови. Кажи ми како е можно да се преживее на оваа температура? Немам зборови! Мислам, не живееме, но постоиме. И затоа бараме од раководството да ни обрне внимание. Администрацијата на Воскресенск ги знае сите наши проблеми, како што рекоа: Свесни сме, имаме сè под контрола. Но, што е поентата? Ништо не се менува! Нема  напредок. Сè е полошо и полошо. Реконструкцијата на котларницата се одложува од година во година. Сите котли ги потрошија своите ресурси. Тие се претворија во прашина. Нашите жители останаа сами со своите проблеми. Немаме на кого да се потпреме“- порачаа жителите на градот во својот апел.

Без греење останаа и жителите на Дмитров кај Москва. Имапротекување на топлинската мрежа на локалната котлара. Според жителите, околу 2 часот по полноќ се слушнала силна бучава во цевките на повеќекатните згради. Исчезнала дури утрото, но потоа греењето и топлата вода исчезнале исто така. Началникот на градскиот округ Дмитров, Илја Поночевни, рече дека може да има две истекувања, а едното сè уште не е пронајдено.

Практично, иако Русија вети дека ќе ја замрзне Европа,  сега се смрзнуваат нејзините граѓани. Несреќите во комуналните претпријатија се системски и руските власти не можат да се справат со нив.Жителите на градот Климовск  веќе објавуваат фотографии од пукнати грејни радијатори и цевки во нивните станови и влезови, така што, очигледно, во блиска иднина нема да се отстранат последиците од несреќата. Некои луѓе палат огнови во своите дворови навечер за да се загреат. Локалните власти се неактивни и наместо да ги поправаат комуналните системи, им нудат ќебиња.

Регионалниот гувернер Андреј Воробјов, кој веќе неколку дена воопшто не се појавува во јавноста, се шпекулира дека новогодишните празници ги прославил надвор од Русија.

Извештаите за замрзнати станови со соодветни фотографии брзо станаа вирални на социјалните мрежи.Гувернерот Андреј Воробјов не реагираше дури и на коментарите на неговата страница, каде што долго време воопшто не се споменуваше ништо за несреќата.

“Се смрзнуваме! Внимавајте! Трет ден без парно и топла вода!” напишаа жителите на Подолск. Ним им се придружија и жителите на Звенигород, Красногорск, Сергиев Посад и други градови во близина на Москва. Од утрото на 7 јануари жителите на куќите се загреваат со палење огнови  на улиците.

Воробјов ја спомна несреќата само на 7 јануари, кога вети дека ќе отвори привремен центар за престој со греење – очигледно недоволно за речиси триесет илјади луѓе кои останаа без затоплување. Самата ситуација ја нарече „тешка“, но не го објасни своето неколкудневно отсуство.

Инаку, тезата за „замрзнување на Европа“ редовно ја споменуваат руските власти, кои се закануваат со прекин на гасот за западните земји доколку не се исполнат политичките барања на Кремљ. На пример, тезата за целосната зависност на Европа од руските испораки често се споменува на Телеграм профилот на Дмитриј Медведев: на пример, во август 2022 година, тој вети дека ќе ја доведе цената на гасот за европските потрошувачи на 5.000 евра за 1.000 кубни метри, а во септември 2022 година  Гаспром објави видео за песната „И зимата ќе биде долга“, во која човек со натпис „Гаспром“ на униформата го исклучува вентилот за гас, по што во европските градови се случува „ледено доба“ (снимки од Краснојарск беа прикажани и како илустрација за „замрзнување на Европа“).