Славен израелски актер ранет во Газа
Идан Амеди, кој игра таен оперативец во познатата серија на Нетфликс, „Фауда“, е во болница, но животот не му е загрозен
Израелскиот кантавтор и ѕвезда на Нетфликс, Идан Амеди, беше на операција во понеделникот вечерта, откако беше повреден додека се бореше во Газа.
Амеди беше ранет во понеделникот во централниот дел на Појасот Газа, соопштија членовите на неговото семејство, според израелскиот весник „Вала“. Тој со хеликоптер бил префрлен во болницата Шеба, каде актерот е во тешка, но стабилна состојба. Неговиот живот повеќе не е во опасност.
Амеди е познат по својата улога на таен оперативец во серијата „Фауда“ на Нетфликс – наградувано шоу засновано на искуството на елитната единица на израелските одбранбени сили (ИДФ). Креаторите на серијата Лиор Раз и Ави Исахароф му посакаа брзо закрепнување.
„Ајдан е вистински херој и на првиот ден од војната реши да остави сѐ настрана и да се бори. Прво на север, а потоа на југ“, велат тие.
Набргу по нападот на Хамас на Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе и беа земени 250 заложници, Амеди се пријави како резервист за да се бори против палестинската милитантна група. Тој претходно ја завршил задолжителната служба во ИДФ во борбените инженерски трупи.